
Првите телеграфски машини на морнарицата, од 1850, користеле само големи букви и се состоеле од само три реда типки, БЕЗ МОЖНОСТ ЗА МАЛИ ВЕРЗИИ од истите. Како што пишува Military Times: „Ако некогаш испраќањето на пораки само со големи букви било неопходност, сега не е. Една типографска студија од 1950-тите спроведена на Универзитетот Минесота покажало дека брзината на читање СЕ НАМАЛУВА за некои 14% во тек на 20 минути доколку пораката е напишана САМО со големи букви".
Ова не само што е поефикасно, туку е и ПОЕВТИНО, со оглед на тоа што сега морнарицата може да ја користи постоечката веб технологија за комуникација, а не некаков паралелен систем.
Но има нешто поинтересно од претходните две причини - пораките напишани исклучиво со големи букви едноставно ги ВОЗНЕМИРУВАЛЕ младите морнари, бидејќи тие им изгледале како некој да им се ДЕРЕ или дека секоја испратена порака е итна. ЗАМИСЛЕТЕ ЦЕЛО ВРЕМЕ ТАКА ДА ВИ ПИШУВАМЕ. Дури и нам ни е гласно.