Bookbox

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Родниот град на легендарната четворка ќе добие нова, oгромна туристичка атракција посветена на бендот. Проектот ќе ги оживее клучните места од историјата на Битлси, од нивното детство во Ливерпул до концертите во Хамбург, Лондон и Њујорк.

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Шпато: човекот што изработи дигитален каталог на неговите дела

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

Платените париски ракоплескачи кои го одредувале вкусот на публиката

Замислете дека сте во Париската опера, околу 1831. Покрај обичната публика, во првите редови има мажи кои ентузијастично плескаат на крајот на претставите, извикувајќи „Бис! Бис!“. Тие се всушност вработени во театарот, исто како и музичарите.

Човекот што го измисли изразот „опстанок на најприлагодените“ и спојувалката

Ако еволуцијата важи на полето на биологијата, зошто не би важела и на полето на општествените науки? Ова било идејата на Херберт Спенсер, чија најпозната изрека за опстанокот на најприлагодените најчесто му се припишува на неговиот колега, Дарвин.

„Италијанскиот Робинзон Крусо“ кого властите го бркаат од неговиот остров

Мауро Моранди живеел сам на островот Будели од 1989, но по неколку закани со протерување и затвор, изгледа ќе мора да го напушти својот спокоен дом. Не помагаат ни бројните јавни повици и петициите.

Вистинската приказна за шпионите во „Курирот“ со Бенедикт Камбербач

Во нов филм на малку позната тема, Камбербач игра бизнисмен кој за време на студената војна пренесува тајни помеѓу западот и тогашниот Советски Сојуз. Негов контакт од другата страна е руски разузнавач. Нивната цел - одбегнување нуклеарна војна.

Интересното потекло на терминот „банкрот“

Се користи во правната и економската терминологија, како неспособност за плаќање на фирма или поединец, но и во секојдневниот говор за некој што пропаднал, останал без пари. Етимологијата на терминот „банкрот“ е од еден интересен италијански обичај.

Македонска порака по повод Светскиот ден на книгата 2021

Оваа година пораката ја упатува македонскиот писател и преведувач, Димитар Башевски.

Заборавената кинеска верзија на „Дон Кихот“

Меѓународниот ден на книгата се прославува на 23 април, датумот на смртта на Сервантес. Оваа година одбележувањето вклучува и шпански превод и повторно објавување на заборавена верзија на „Дон Кихот“ на кинески.

Тајната мисија да се ископа експеримент стар 142 години

Во 1879 почнал експеримент, кој допрва треба да даде одговор на прашањето - колку можат да издржат семиња закопани во шишиња во земја? Локацијата на којашто се наоѓаат до денес е тајна, а целиот потфат ќе трае и следните 80 години.

Птичарот од Алкатраз

Бил еден од најозлогласените криминалци во САД на почетокот на 20 век. Но титулата „најпознат затвореник на Алкатраз“ не ја заслужил толку со своето криминално минато, туку со едно необично хоби за затворски услови.

Ботанички супер-херој: 1000 години старата ружа

Најстарата ружа на светот е толкава фраерка што издржала разни историски премрежја, меѓу другото и бомбардирање во Втората светска војна.

Космизам: руското учење кое кое ја предвидело колонизацијата на вселената

Верувањата на денес подзаборавениот Николај Фјодоров за космичка религија фокусирана на животот на Земјата инспирирала некои од најдобрите советски инженери.

Приказната зад најдолгиот оскаровски говор на сите времиња

На 25 април ќе се случи 93-тото доделување на престижното филмско признание. Во историјата долга речиси еден век, забележани се различни куриозитети. Меѓу нив и еден најдолг говор, кој не е на Хилари Свонк или на Ендријен Броди.

Грицките кои се користат како амајлии за да ти работи компјутерот

Станува збор за нешто како смоки, направено од пченка, со различни вкусови, меѓу кои и кокос. Грицките се користат како посебен вид заштита и поттик - на машините, за да работат како што треба.

Наскоро може да почнат да се додаваат реклами во стари филмови

Таканаречениот „продакт плејсмент“, или стратешко поставување производи и реклами во филмските кадри, е голем бизнис и за филмовите и за сериите. Сега вакви „сублиминални“ пораки може да бидат додавани дигитално, и во стари и во понови дела.

„Бенг бенг клуб“ (2010)

Вистинска приказна за четворица воени фото-репортери од Јужна Африка, која иако во филмска смисла е раскажана прилично површно, дава увид во едно значајно прашање - она за фотографската етика.

„Како треба една жена да си го живее животот?“

Оние кои ја гледале како матријархот на семејството Шелби, Поли Греј, во „Пики Блајндерс“, знаат за каква брилијантна актерка стануваше збор. Ја играше и Нарциса Малфој во последните три филма за Хари Потер, а беше наградувана и на театарската сцена.

Изложба на „заматени“ традиционални портрети

Нова изложба во Лондон е опишана како „радикална субверзија на старите мајстори“. Всушност тука не се случува ништо посебно, освен што сликите се - вон фокус.

Најголемата кражба на уметнички дела и ексцентричната наследничка која ги поседувала

Пред 31 година се случила најголемата кражба на уметнички дела, вредни тогашни 500 милиони долари. Нова документарна серија ги истражува можните теории, но раскажува и приказна за основачката на ограбениот музеј.

„Повик за будење“: срамната практика на уцена на поп композитори

Начинот на кој славните изведувачи, односно нивните агенти, знаат да изнудуваат права за песни од авторите е опишан како „булинг“, а просечниот процент кој притоа им се нуди почнува со 1% и стигнува до максимум 20%. Останатите 99-80% одат кај оние кои немаат придонесено ни нота во композицијата.

Мачниот живот на Марија Калас: нова биографија на оперската дива

Нова книга, која ќе излезе на 1 јуни, содржи до сега необјавени писма на Калас, во кои се открива дека таа била дрогирана, сексуално малтретирана и злоупотребувана дури и од најблиското семејство.

19-годишното момче кое патувало во сандак преку океанот

„Бегство од сандакот“ е нова книга која ќе излезе следниот месец, а раскажува како шемата на едно момче да се шверцува во авион од Мелбурн до Лондон излегла вон контрола.

Атомски туризам: коктел забави и избор за мис

Пред седумдесет години во пустината Невада почнало нуклеарно тестирање. Туристите љубопитно се сјатиле да го посведочат почетокот на атомската ера, без да бидат свесни за последиците од близината на зрачењето.

Што е тоа „негентропија“ и како може да ни помогне во животот?

Во физиката ентропијата е процес во кој одреден систем губи енергија и преминува во хаос. Но има и обратен процес, на воспоставување ред - организација, структура и функција.

Кратка историја на „проколнатите“ филмови

Во филмските кругови се користи францускиот израз film maudit (филм мод), буквално „проколнат филм“. За да се квалификува за оваа титула, едно дело треба да исполни неколку услови, меѓу кои да биде опсесивно обожуван само од мала група фанови.