Ботаничар по име Вилијам Бил (на фотографијата долу) во 1879 закопал 20 шишиња, секое со по 50 семиња од 21 вид, за да испита колку долго тие можат да издржат во таква состојба и потоа од нив да никнат соодветните билки. Свесен дека нема да ги дочека резултатите, тој оставил инструкции периодично да се вади по едно шише, а семињата да се насадат. Тие во шишињата биле помешани со умерено влажен песок, а закопани на кампусот на универзитетот Мичиген стејт, со отворот надолу, за да се спречи собирање вода во нив. Локацијата сепак се држела во тајност за никому да не му текне да ги откопува предвреме.
Во текот на својот живот тој самиот вадел по едно шише и ги садел семињата, а во 1910, кога се пензионирал, му го предал експериментот на колега, па тој на друг.
Студијата потрајала подолго од предвиденото, затоа што оние задолжени за неа одлучиле наместо на пет, да ги откопуваат шишињата на секои 10, а потоа на секои 20 години. Последен пат до сега шише било извадено во 2000-тата, кога само уште неколку семиња биле уште активни. Ископувањето го извршил Френк Телевски, професор по биологија на спомнатиот универзитет. Тој на локацијата означена на мапа која ја наследил од својот професор донел тројца помлади колеги, кои би го наследиле експериментот од него. Но точната локација се уште останува тајна.
Планот е семињата кои се во шишето да се анализираат и да се види дали тие се уште имаат активна клеточна машинерија. Дури и да не можат да пораснат, со користење генетски алатки кои не биле замисливи во времето на Бил растењето може да биде поттикнато. Освен тоа, во оваа генерација прв пат има и две жени, молекуларни биолози, што покажува дека не е само технологијата она што се менува.
Она што денес се знае е дека семиња можат да издржат долго време во мраз, но не и во сад закопан во земја. Сепак, и од актуелниот тим знаат се свесни дека нема да го дочекаат крајот на овој експеримент. Со само четири шишиња во земјата, студијата може да потрае и следните 80 години.