Bookbox

Неодамна присуствувавме на работилница за правење природен сапун, каде во воведот се спомна нешто на што никогаш не сме помислиле - од каде името на плочката што пени и меури?

Еден од најзначајните антрополози на 20 век е можеби жена за која ретко кој слушнал. На 11-годишна возраст била киднапирана од племето Јаномамо, земјоделци од Амазон, па така знаела за што зборува кога го опишувала нивниот живот. Сепак, никој од академската заедница не ѝ обрнал внимание, иако нејзините искуства можеле да исправат некои погрешни претстави и да ѝ овозможат поспокоен живот, откако еднаш избегала во „цивилизација“.

Уметниците кои водат правни битки за признавање на своето авторско право врз дела генерирани со ВИ

Во 2022 уметник поднесува своја слика на уметнички саем. Сликата добива прва награда. Ама до денес авторот не може да ја регистрира како сопствено дело, бидејќи таа е генерирана со помош на ВИ. Во тек е судски спор кој може да ја определи иднината на толкувањето на тоа до каде е автор човекот, а од каде машина.

Овие риби имаат нозе

Се викаат морски црвеногушки и имаат „тело на риба, крилја на птица и повеќе нозе, како краба“. Уште почудно - нозете им имаат сензори за вкус. 

Како тоа видеотеките изумреа, а книжарниците (фала богу) не?

Кога се појавија компјутерите, таблетите и мобилните, ретко кој продолжи да користи роковници и нотеси. Претходно зајмевме филмови од видеотеки, а сега низ светот нив ги има во многу мал број, само за носталгични „н'рдови“. Сите сакаат пристап до содржини со еден клик. Логично на сето ова - како и зошто опстануваат книжарниците?

Зошто бавноста нè излудува?

Бавни возачи, бавен интернет, бавни редици на каса - сите тие во најмала рака нервираат, а некогаш се повод и за агресивни реакции. Колку што светот забрзува, токлу прагот на толеранција за влечкање се спушта.

„Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ од Александра Јуруковска

Неодамна пишувавме за маките на новинарите, особено на оние од културните редакции. Нова книга го истражува проблемот од поширок ракурс - како културата, поконкретно книжевноста, полека се истиснува од нашиот медиумски простор.

Растенијата знаат да бројат?

Денес на подарок добив „Венерина муволовка“, едно нешто кое во хорор цртаните делува страшно, а во живо кревко и нежно. Барем дур е мало. Е тоа растение наводно знае да брои.

Книга наместо билет за воз

Цели 87 години на крајот на март Холанѓаните ги промовираат своите писатели и читањето воопшто. А како подобро да промовираш, ако не со тоа што нешто ќе направиш бесплатно?

Зошто некои народи се подобри во креативно мислење?

Кај секого од нас постои тенденција да се држиме до познати начини на решавање проблеми - ако еднаш нешто дало резултат нема причина да не даде и следниот пат. Нo психолозите повеќе се интересираат за спротивниот начин на мислење, оној флексибилниот, кој изгледа е и културолошки условен.

Пијавици место пиво и кикирики: маките на новинарството

Пред некое време почнавме да објавуваме текстови за случки од животот низ очите на различни професии (тука и тука). Добивме впечаток како е да си бравар, фотограф, банкар. А што, новинарите не се луѓе?

„Дом со нула отпад“ од Беа Џонсон (и интервју со преведувачката)

Дали може да замислите во тек на една година вие и вашето семејство да произведувате само една тегла отпад? На оваа авторка тоа ѝ успева, таму некаде во Америка. Но и кај нас има луѓе кои се обидуваат ако не нула, а тогаш барем да прават помалку ѓубре.

Полски свештеник го запали Хари Потер

Свештеник од северна Полска организирал палење „зли“ предмети, меѓу кои и книги од серијата за малиот волшебник.

Зошто „краво една“ треба да биде комплимент?

Има така некои необични изданија кои пленат со својата наводна бескорисност. На пример книга со фотографии на крави од цел свет.

Етичарите не се ништо поетични од нас

Може на сите ѕвона да ни кажуваат како треба, но самите не се баш модели за однесување. Или што би се рекло народски - „не го слушај попот што зборува, туку гледај што прави“.

Претстави без проби, со текст на слушалки

Форма на документарен театар, каде драмскиот текст се состои од искази на реални луѓе. Но тоа не е сè, тој (текстот) им се чита преку слушалка на актерите во текот на самата изведба, без претходна проба.

Kaко да научиш странски јазик пеејќи?

Го знаете она кога некоја песна ќе ти влезе во уво и ти ровари низ глава на рипит. Истиот тип на „заразност“ може да помогне да се научи нов јазик побргу отколку со традиционалните методи.

Славниот цитат на Волтер всушност бил напишан од жена

„Не се согласувам со она што го кажуваш, но до смрт ќе го бранам твоето право да го кажеш“. Убав - иако не секогаш остварлив - принцип на одбрана на слободниот говор. Но не го срочил францускиот просветител, туку една негова биографка.

„Смалување“ (Downsizing, 2017)

Филм чиишто големи амбиции го прават помал отколку што можел да биде. Затоа што основната идеја му е одлична, а таа уште еднаш потврдува: дека не е сè во величината.

Aна Каренина во Сомалија

Мoхамед Баруд имал 31 година и само што се оженил, кога бил осуден на доживотен затвор, само затоа што се осудил да напише поплака до властите. Една книга му го спасила животот.

Kнижевна награда доделена на двајца за да нема „најдобар“

Признанието се вика „Република на свеста“ (Republic of Consciousness), а членовите на жирито биле инструирани да решаваат по следниот принцип - „книгата Х или Y не може а да не ја добие наградата“.

Канадски филм направен на јазик кого го зборуваат само 20 луѓе во светот

„Работ на ножот“ или SGaawaay K'uuna е игран филм кој премиерно ќе се прикаже во април, а кого без титл ќе можат да го разберат само малкумина.

Човекот кој пиел со Леонард Коен, го добил прекарот од Џоан Баез, а сега објавува прв албум со Ник Кејв

Една од оние личности кои се постојано во друштво на најславните, но и покрај тоа (или заради тоа) постојано во сенка. Тоа не е причина да не се издаде сопствен албум и на прагот од седмата деценија.

Ослободениот роб од кого Дарвин учел да препарира животни

Џон Едмонстон се родил како роб, а умрел како слободен човек. Некаде во текот на животот го подучувал Чарлс Дарвин на сè што знаел за препарирањето птици. А знаел многу.

Кратка историја на книгите во сликарството

Јоханес Вермер постојано ги вметнувал во своите слики. Исто така и Едвард Хопер, Егон Шиле, Диего Веласкез, Ешер. Нова книга ја истражува историјата на книгите во визуелната уметност.

Оригиналната приказна за Дамбо најпрвин била замислена како книга на „скролање“

Наскоро во кино салите низ светот ќе се случи премиерата на нов филм за ушлестиот Дамбо, во режија на Тим Бартон. Претходниот, анимиран, беше од 1941. Но пред него Дамбо требала да биде објавена во необичен формат, чија современа асоцијација би била „со скролање“.

Француски ремек-дела преименувани според црните ликови на нив

Куратори на нова изложба во Париз успеале да дојдат до имињата на моделите кои ги користеле сликари како Мане, Пикасо и Сезан.

Германски музеј постави изложба за Мајкл Џексон и покрај контроверзноста

Изложбата во Бундескунстлхале била планирана пред неодамнешното емитување на скандалозниот документарец на ХБО. И покрај новонастанатата ситуација, музејот во Бон одлучил да ја постави.

Сакате да го имате Пикасо дома на еден ден?

Ако се прашувате како би изгледало едно модерно уметничко дело вредно милиони на ѕидот на вашата дневна, благодарејќи на една необична иницијатива може да се пријавите и да конкурирате за истото. Само има еден услов: да живеете во Швајцарија.