Роман за психички нестабилната ќерка на Џејмс Џојс, и реконструкција на хемиската кастрација на Алан Туринг, се добитници на наградата наречена Република на свеста, чија цел е да промовира најдобри дела објавени од мали издавачи.„Луција“ на Алекс Феби и „Гласини“ од Бил Ивс добија по 4000 евра, од кои дел добива издавачот, а дел авторот.
Признанието е интересно затоа што услов за некое дело да биде земено предвид е тоа да е издадено од издавач со помалку од петмина вработени со полно работно време, а кој истовремено е посветен на „хардкор фикција и прекрасна проза“. Но за разлика од минатата година кога добитник беше само еден, оваа година организаторите одлучиле да ја променат компетитивната динамика, за веќе да нема една единствена „најдобра“ книга или автор. Нивна цел е да го укинат она што тие го нарекуваат „лажна хиерархија“. На членовите на жирито им било кажано да се раководат не од критериумот „книгата таа и таа може да победи“, туку „книгата таа и таа не може а да не победи“. Навидум мала, но сепак битна разлика во начинот на размислување.
Наградата се финансира од Универзитетот на источна Англија, книжевниот додаток на Тајмс и приватни донации. Ако следната година се соберат повеќе пари, тогаш би имало и повеќе победници. Се разбира доколку тие го заслужат она „не може а да не“.