„Букенвик“ е годишен настан, недела (поточно десет дена) на крајот на март посветени на холандската книжевност. Се одржува од 1932, секоја година на поинаква тема, а вклучува различни активности, како бесплатно делење книга специјално напишана за манифестацијата од страна на холандски или фламански автор (која се дава по книжарниците ако некој купи друга книга на холандски, или ако се зачлени во библиотека).
Од 1940-тите до 1960-тите оваа книга-подарок понекогаш била објавувана анонимно, со список на можните автори во книгата, а читателите можеле да учествуваат во наградна игра, испраќајќи поштенска картичка со својата претпоставка кој е вистинскиот.
Но од 2002 има и уште една традиција - оваа книга да се користи наместо билет за бесплатно патување со воз, на последниот ден од книжевната недела. Оваа година станува збор за роман од познатиот холандски автор Јан Сибелинк.
Хoландските железници 18 години се спонзор на манифестацијата, а и вон неа организира книжевни читања и промоции од врвни писатели на своите возови. Така и Сибелинк се качил на воз за Утрехт за да се сретне со патниците и да чита извадоци од книгата. Случајно еден од нив патувал кон Велп, родното место на авторот.
Одлична идеја за минување време во воз, па макар и во оние нашите, кинеските.
Претходно: Есеј за патувањето со (македонски) воз