Отец Рафал Јаросиевич организирал палење на предмети кои според него се поврзани со магијата и окултното, а кои и од страна на нивните сопственици биле сметани за негативни или несреќни. Чинот се одвивал минатиот ден недела во католичка црква во Гдањск. Фотографии од истото биле постирани на фејсбук страница на фондација која се нарекува „СМС од рајот“, а која користи неконвенционални методи за да ја пренесе религиската порака низ Полска.
По бурните реакции на социјалните медиуми во вторникот свештеникот објави извинување на Фејсбук, велејќи дека неговата намера не била да осуди специфични автори, религии или општествени групи. Додаде дека сликите се отстранети, „за да не генерираат уште повеќе емоции“.
На нив се забележуваат африканска дрвена маска, мала будистичка фигура, статуетки на слонови, книги за психологија на личноста и магија, и спомнатите книги на Џ.К. Роулинг.
Јаросиевич бил исто така прекршочно казнет од градските службеници, заради реакција на група која се бори против смог, а која кај надлежните реагирала врз база на назаконско горење ѓубре и палење отворен оган.