Сликата на Едвард Мане погоре официјално се вика „Олимпија“, а на времето претставувалa сакндалозен приказ на гола проститутка кој според многумина го означува раѓањето на модерната уметност. Сега таа привремено преименувана во „Лаура“ според жената која позира како нејзина црна слугинка.
Истото е направено со други големи дела по повод нова изложба под наслов „Црни модели: од Жерико до Матис“ која се отвара денес, 26.03 во Музејот де Орсеј во Париз.
Огромната изложба содржи слики од Делкароа, Гоген, Пикасо, Бонар и Сезан, и го истражува претставувањето на црните луѓе и оние од мешаните раси во француската уметност, од 1848, моментот кога земјата го укинала ропството, до 1950-тите.
Од „Црната Венера“, Жан Дувал, која била љубовница и муза на Бодлер, и која исто така била насликана од Мане, до кубанската пејачка Марија Мартинез и романсиерот Александар Дима, авторот на „Грофот Монте Кристо“, очигледно е дека во авангардните кругови се случувало „меѓурасно социјализирање“ токму затоа што тоа во секојдневието било табу.
Сепак, имињата на луѓето претставени на овие слики биле скриени зад расни референци. Кураторите на изложбата низ детално и долготрајно истражување стигнале до нивниот вистински идентитет, според кој се преименувани сликите. Таков на пример е „Портретот на една црнкиња“ на Мари-Гијемин Беноа насликан некаде на почетокот на 19 век, кој сега е преименуван во „Портрет на Маделин“. Повеќе од 200 години немало обид да се открие нејзиниот идентитет, а единствено било важно тоа што е црна и гола.
И Жерико на славниот „Сплав на медузата“ доделува три улоги на очајни морнари на црни модели. Негов омилен и за други слики бил еден Хаиќанец по име Џозеф, кој е еден од ликовите во бродоломот.
Сепак, ѕвезда на изложбата е спомнатата слугинка на Мане која се појавува на дури осум слики, вклучително и на две модерни верзии.
Изложбата ќе трае до 21 јули.