Нов канадски игран филм е на два дијалекта на загрозениот јазик хаида, кого го зборувале предците на истоимениот народ во Британска Колумбија. Тој не е сроден со ниту еден друг, а актерите морале да го научат за да можат да ги изговорат своите реплики.
Режисерот Гваи Еденшо изјавил дека ако работата дошла до тоа неговиот јазик да го зборуваат толку малку луѓе, тоа значи дека тој статистички е мртов. Но целта на филмот е да покаже дека тој и останатите кои сè уште го зборуваат јазикот не мислат да се откажат од него.
Хаида е заедница на домородно население чија територија е Хаида Гваи (поранешни Острови на Кралица Шарлота), архипелаг на западниот брег на Канада. Тие главно живеат од риболов, користат самоделски кануа и прават куќи од локалните црвени кедари. Во 19 век нивниот број бил драстично намален заради епидемии на сипаници. Еденшо самиот го зборува јазикот, иако не течно, бидејќи бил образуван на англиски, па оттаму сценариото прво било напишано на англиски а потоа преведувано.
На продукцијата работеле повеќе од 70 локалци, а некои од нив добиле и улоги или учествувале во изработката на костимите. Филмот се одвива во 19 век, базиран е на стар хаида мит за човек кој преживува бродолом, и соочен со смртта комуницира со натприродни суштества.
Во склоп на филмот се подготвува и нов речник, и промоција на снимки со животни стории и искази на локални говорители.