Bookbox

Еден од најзначајните антрополози на 20 век е можеби жена за која ретко кој слушнал. На 11-годишна возраст била киднапирана од племето Јаномамо, земјоделци од Амазон, па така знаела за што зборува кога го опишувала нивниот живот. Сепак, никој од академската заедница не ѝ обрнал внимание, иако нејзините искуства можеле да исправат некои погрешни претстави и да ѝ овозможат поспокоен живот, откако еднаш избегала во „цивилизација“.

Навидум ништо посебно - зеленикава мувла заштитена под стакло. Ама тоа е посебен примерок на габа која довела до откритието на пеницилинот, а наскоро ќе биде на продажба. 

Овие риби имаат нозе

Се викаат морски црвеногушки и имаат „тело на риба, крилја на птица и повеќе нозе, како краба“. Уште почудно - нозете им имаат сензори за вкус. 

Како тоа видеотеките изумреа, а книжарниците (фала богу) не?

Кога се појавија компјутерите, таблетите и мобилните, ретко кој продолжи да користи роковници и нотеси. Претходно зајмевме филмови од видеотеки, а сега низ светот нив ги има во многу мал број, само за носталгични „н'рдови“. Сите сакаат пристап до содржини со еден клик. Логично на сето ова - како и зошто опстануваат книжарниците?

Необичното значење на зборот „бруцош“

Вчера, 1 октомври, се одржа првиот академски час за студентите од прва година. Еден термин кој вообичаено се користи за нив има интересно потекло.

Што можеме да научиме за стравот од смртта од римскиот филозоф Лукрециј?

Страв од болест. Страв од смрт. Сето тоа поттикнува ирационални верувања и однесувања кои можат да му наштетат на општеството. Еден римски поет и филозоф од петтиот век п.н.е. зборува токму за ова.

500 години бремени жени во уметноста

Нова изложба во Лондон истражува за тоа како се прикажувани жените во „благословена состојба“ од средниот век до денешното, дигитално доба. Со оглед на моменталното седење дома, по пар месеци можно е актуелизирање на темата.

Диксит предизвик: состави приказнa

„Диксит“ е популарна друштвена игра со карти, чии илустрации поттикнуваат асоцијации и инспирираат раскажување приказни. Даваме награда за првите тројца кои ќе ни испратат свои. Но пишувајте и за ќеф, онака.

Брилијантната американска пијанистка за која малкумина знаат

Се викала Јунис Нортон, живеела од 1908 до 2005, а нејзините изведби (над сто) денес се достапни само на Јутјуб. Откако се омажила нејзината дискографска куќа едноставно ја избришала од списокот на свои клиенти.

„Шрапнел“ од Игор Анѓелков

„Знам дека ми ги читаше претходните книги, некои ти се допаднаа повеќе, некои помалку, но оваа, по седум години пауза, сметам дека ми е поместување од досегашната издадена проза.“

Ракување во време на корона

Aко деновиве ви се случило да одбиете да се ракувате до сега веројатно ве прогласиле за арогантен или ненормален. Иако ракувањето докажано пренесува патогени, ритуалот е толку длабоко всаден, што луѓето се збунети кога остануваат без него. 

Што е тоа „хипокогниција“?

Кога во твојот јазик не постои одреден термин (или постои, ама не го знаеш), тогаш тенденцијата е тој феномен воопшто да не го забележуваш. Ова значи дека ти се случува „подсознание“, или хипокогниција.

„Декамерон“ како прирачник за самопомош при пандемија

Има неколку книжевни дела кои почнаа да се препрочитуваат низ призмата на коронавирусот - „Чума“ на Ками, „Слепило“ на Сарамаго, „Беснило“ на Пекиќ. И едно италијанско дело од 14 век, од кое ги памтиме еротските сцени, но на сметка на тоа имавме подзаборавено дека се одвива во време на пандемија.

Зошто и покрај советите да не се допира лицето не можеме да издржиме а да не го правиме тоа?

Го видовме клипчето на кое жена чита соопштение во кое се препорачува недопирање на лицето заради опасност од пренос на коронавирусот, а потоа си го лизнува прстот за да го сврти листот. Колку и да ти кажуваат дека не треба да го правиш тоа, нагонот за самодопирање е посилен. А тој е забележан и во историјата на уметноста.

Интернет бегство на помирни места - што е тоа „котиџкор“?

Некаде онлајн постојат ливади посипани со ситни цвеќенца, сончеви зраци кои ѕиркаат низ гранките, стадо диви елени и кошници полни печурки. Во селската колиба со сламен покрив мириса на тазе пита, а пред неа се суши облека која мириса на лаванда.

Иронијата со која го користиме зборот „иронија“

Пред 25 години излезе албумот Jagged Little Pill на Аланис Морисет, на кој се најде песна која и до денес е нејзин најголем хит. „Ајроник“ наводно зборуваше за иронични ситуации. Ама, иронично, можеби и не.

Што е тоа „семантичка презаситеност“?

Помислете на кој и да е збор. На пример „магдонос“. Почнете да го изговарате или да го пишувате десетина пати. После некое време тој ќе почне да ви губи смисла и ќе имате чувство дека никогаш и ја немал. После кратка пауза магдоносот пак ќе стане тоа што е.

Таблица која го објаснува вашиот светоглед

Едноставна шема преземена од играта Dungeons&Dragons стана вирален начин за категоризирање на луѓе, начини на седење или пакување леб. Луѓето едноставно сакаат некаков ред, дури и кога тој потенцијално може да создаде уште поголем хаос.

Откажано објавувањето на мемоарите на Вуди Ален

Вчера, 6.3., десетина вработени во познатиот издавач Ашет организирано излегоа од њујоршката канцеларија на фирмата, како протест против објавувањето на автобиографијата на Ален. Тоа, заедно со уште куп реакции, придонесе истиот ден Ашет да ја повлече својата одлука.

Како се менувала идејата за идеалниот маж?

Станува збор за архетип, кој низ историјата се менувал, со сета своја комплексност и контрадикторност. Нова изложба во Лондон покажува како се конструира(л) ликот на идеалниот маж низ медиумите на филмот и фотографијата. И какво било влијанието на жените врз истото.

Хан Феи или кинескиот Макијавели

Кинески филозоф-легалист кого го споредуваат со авторот на „Владетелот“. Иако неговите идеи биле слични со оние на Макијавели, завршил повеќе како Сократ, пиејќи отров откако бил затворен од властите, по клевета на свој „колега“.

Зошто книгите излегуваат прво во тврд повез?

Секој оној кој нестрпливо очекувал да излезе некоја книга (колкумина има такви?) знае дека барем што се однесува до странските изданија прво излегува верзија во тврда корица (хардкaвер) а потоа во мека (пејпрбек). И дека ако сака да помине поевтино ќе мора да се стрпи, понекогаш цела година. Зошто е тоа така?

„Коронавирус“ постоел во 2017 - во стрип за Астерикс и Обеликс

Понекогаш, колку да се освежиме, отвараме портали на јазици кои не ги владееме добро, чисто да видиме дали целиот свет е во еден голем медиумски „бабл“ или има и малку поинакви теми. Еве една, од Франција

Афронаути: заборавената вселенска програма на Замбија

Трката за тоа кој прв и кој подалеку ќе стигне во вселената од 1960-тите вклучувала двајца главни играчи: САД и СССР. Но имало и помали, ама пркосни. Еден од нив требало да биде Замбија.

Прв пат во историјата Прицкеровата награда за архитектура оди кај две жени

Ја викаат „Нобел за архитектура“, награда воспоставена „за да им оддаде признание на архитекти чии дела се комбинација на талент, визија и посветеност“. Оваа година ја добија две жени од Ирска.

Зошто им се доверуваме на непознати?

Харвардски социолог во својата книга „Некој со кого можеш да зборуваш“ (Someone to Talk To) се обидува да објасни зошто наместо на најблиските често се одлучуваме да им се отвориме на сосема непознати луѓе.

Приказната за Наполеон Хил, основач на жанрот „самопомош“ и измамник

Свесни сме дека во рубрикава често објавуваме текстови за некакви измамници или ликови кои целиот живот се обидувале (најчесто безуспешно) да се реобмислат себеси, оправдувајќи ги средствата со целта. Но во овие приказни има и нешто трогателно, во тој напор да се прикажеш како нешто што не си. Во случајов уште повеќе затоа што доаѓа од некој што денес би го нарекле „животен советник“.

120 години од раѓањето на Курт Вајл

Во Десау, родниот град на Вајл, од 28 февруари до 15 март се одвива фестивал посветен на творештвото на овој германски композитор. Мотото на овогодишното издание, 28-мо по ред, е „Што се границите?“. Тоа упатува на присилната емиграција на Вајл од Германија во 1933, но и на иновативноста на неговите дела.

Контроверзи откако Оксфордскиот речник за прв пат вклучи нигериско-англиски зборови

Со најновото освежување на речникот во него се вклучени 29 зборови од секојдневниот нигериски говор, со што се признава „специфичниот придонес кон англискиот како глобален јазик“ на најнаселената држава во Африка. Но Нигеријците не се воодушевени.