„Нашиот однос со авторите го сфаќаме многу сериозно, и не се откажуваме лесно од објавувањето на нивните книги“, се вели меѓу другото во соопштението објавено на Твитер на издавачот Ашет, кој беше под голем притисок по најавата дека во април 2020 ќе ја објави автобиографијата на Вуди Ален, „А про по ништо“.
A statement from @HachetteUS. pic.twitter.com/KjYJm6EpTB
— Little, Brown and Co (@littlebrown) March 6, 2020
Славниот 84-годишен режисер е меѓу највлијателните комичари на своето време. Но обвинувањата од страна не неговата ќерка Дилан Фароу дека ја злоупотребувал како дете во раните 1990-ти извршија големо влијание врз неговата кариера во САД. Ален ги негира обвинувањата, и никогаш не е осуден и покрај две независни истраги во текот на спомнатиот период.
Дилан ја поддржа и нејзинот брат, американскиот новинар Ронан Фароу, кој во 2019 објави книга „Фати и убиј: лаги, шпиони и конспирацијата за заштита на предаторите“ во која ги опишува предизвиците со кои се соочувал додека работел на сториите за Харви Вајнстин и процесот против него, но во која има и детали за „штетата која Ален му ја нанел на семејството“. За иронијата да биде поголема, истата таа книга е објавена кај Литл и Браун, дел од француската медиумска групација Ашет.
Вработените во издавачката куќа изјавиле дека „секој има право да одговори на обвинувања но тоа не значи дека за тоа треба да им бидат платени баснословни суми“, и дека самиот чин на маркетинг на книгата може да се сфати како поддршка на нејзиниот автор.
Спомнатите обвинувања за сексуална злоупотреба на Дилан, се случиле кога Миа Фароу и Ален биле во 12-годишна врска, со две посвоени деца (Дилан и Мозес) и еден биолошки син, Сачел (кој во меѓувреме го смени името во Ронан). Судската истрага е покрената откако Фароу сфатила дека Ален имал врска со нејзината посвоена ќерка, Сун-Ји Превин, која во тој момент имала 21 година, а со која подоцна Ален се ожени и се уште е во брак.
Оваа година Макмилан ќе објави и дебитански роман од Дилан Фароу, која им се заблагодари на вработените во Ашет и Литл Браун за нивната храброст, и покрај личниот ризик по работните места, да покажат солидарност со неа и нејзината приказна.