Почнав да размислувам дека сè што ќе ми отвори пат е добро. Затоа често се среќавав со светски водачи затоа што сакаа да ме сретнат, да ги бакнам во образ, или да им дадам автограм. И сакав да се сменат некои закони. И двете страни добивавме што ни треба.
Во животот се изнагледал трагедии, па сепак успеал да ја направи најоптимистичната песна на светот, What a Wonderful World. Епидемијата која ја доживеал како 17-годишник на некој чуден начин не го закачила.
Вчера, 6.3., десетина вработени во познатиот издавач Ашет организирано излегоа од њујоршката канцеларија на фирмата, како протест против објавувањето на автобиографијата на Ален. Тоа, заедно со уште куп реакции, придонесе истиот ден Ашет да ја повлече својата одлука.
Активисти за човекови права велат дека ниту една институција, па ни аеродром, не треба да носи име на човек кој во своите мемоари самиот признал дека силувал слугинка.
Вчера, 12.09, од печат излезе новата книга на Хилари Клинтон, „Што се случи“, која се однесува на последните претседателски избори во САД. Дали таа ќе влезе во пантеонот на големите политички мемоари или ќе биде уште една пост-политичка крава за молзење уште по некој долар, тоа е рано да се процени. Но она што е поинтересно е колку реално луѓето се интересираат за вакви изданија.
„Ако некогаш сте се сомневале што се случува во Европа, читајте го Варуфакис“, вели критиката за новата книга на некогашниот министер за финансии на Грција, која уште неизлезена (официјално се објавува утре, 4.5) е веќе бестселер на Амазон.
„Уметноста на договорот", објавена во 1987, која помина 51 недела на бестселер листата на Њујорк Тајмс, направи Американците во Трамп да гледаат шармер со неверојатно чувство за бизнис. Ко-авторот, а всушност вистински автор на книгата, Тони Шварц, сега вели дека со неа ставил „кармин на свиња".
Животот на големиот поет е исполнет со мистерии, кои можеби ќе беа расчистени доколку беше сочувана неговата автобиографија. Но трojца негови најблиски пријатели одлучиле да ја уништат. Зошто?
Денес пишувавме за гонзо-новинарството на Шон Пен, што некако логично се поврзува со ликот и делото на Хантер С. Томпсон. Неговиот син има нова книга, „Приказни што си ги кажувам себеси", која го опишува чувството да имаш татко чиј ден почнува со виски и кокаин, а со кого се дружиш само кога заедно чистите пушки.
„На сцена, водам љубов со 25,000 различни луѓе. Потоа одам дома сама", изјавила еднаш Џоплин. Таа во нејзината кариера сепак не била сосема сама - го имала Џон Брн Кук.
Моќта на книжевноста не е ни во бројот на продадени примероци, ниту во добиените награди. Вистински големите автори прават читателите да си ги отворат душите, поистоветувајќи се со ликовите од нивните книги. Ова го сфатила Џоана Ракоф, која не ни знаела кој е Селинџер кога се вработила како читач на неговата пошта.
Били Кристл, актер, продуцент, комичар и режисер, кој стана најпознат по „Кога Хари ја сретна Сели", и по тоа што дури девет пати го има водено доделувањето на Оскарите, издаде автобиографија. Богами, има и што да раскажува.
Актуелниот мемоар на Салман Ружди, „Џозеф Антон", кој ги опишува 9-те години кој тој ги мина во постојано бегство од „фатвата", содржи неколку навистина интересни детали. На пример тоа дека Ружди бил навлечен на - игрици.