Артур Кејв почина во јули 2015, на само 15 години, по пад од карпа, откако експериментирал со ЛСД. Музиката која од тогаш ја создава неговиот татко Ник е дополнително мрачна и тешка, особено албумот „Гоустин“, кој е директно инспириран од трагичниот настан. Сепак, периодот на концертна неактивност во текот на пандемијата му овозможил на Кејв да ги преточи своите искуства и во книга, која издавачот Кенонгејт ја опишува како „посветена на тихувањето“.
„Вера, надеж и масакр“ се заснова на повеќе од 40 часа интервјуа со новинарот на Обсервер, Шин О’Хаган. Во неа се покрива личниот живот на Ник и семејството во текот на последниве шест години и се дискутира за верата, уметноста и тагата.
Кејв коментирал дека по толку длабоки и исцрпувачки разговори на темата нема намера наскоро повторно да зборува за овој период од неговиот живот. О’Хаган не е одбран случајно, туку поради тоа што двајцата се познаваат повеќе од 30 години.
Кејв до сега има напишано неколку книги, од кои два романа (за „Смртта на Бани Манро“ пишувавме тука). „Вера, надеж и масакр“ се планира да излезе есента 2022.