Кук бил првиот и единствен менаџер на Џоплин од 1967, до нејзината смрт од предозираност од хероин во 1970. Тој бил и првиот кој го пронашол нејзиното тело. Сега, во новиот мемоар под наслов „На пат со Џенис Џоплин" тој детално ги опишува нејзините настапи, и сето останато кое ги придружувало нејзините тури.
Тој немал никакво претходно искуство со менаџирање, а во тоа време не ни имало многумина кои професионално се занимавале со оваа работа.
„Немаше група квалификувани кандидати. Меѓу ретките беше легендарниот Алберт Гросман, кој почна да го менаџира Боб Дилан. Пролетта '64-та во Кембриџ, Масачусетс кадешто свирев, Боб си го донесе и менаџерот со себе, а ние помисливме - ова е премногу! Гледаш типче што вози Форд стејшн, се грижи да има доволно шишиња Божоле и Дилан да не мора да прави ништо друго освен да се качи на сцена и да свири!"
Запрашан како сака луѓето да ја запомнат Џенис, тој вели:
„Она што луѓето го знаат за неа, е дека таа беше динамична личност на сцената, но и груба и самобендисана личност на улица, што е дел од имиџот којшто го проектираше самата. Но таа всушност беше слатка и ранлива и сочувствителна, и можеше да биде девојче полно сомнеж во врска со тоа што го правеше, дали тоа е доволно добро. Ќе се симнеше од сцена додека татнеа овации, а сепак ќе прашаше - „Ок бев“? Би сакал да ја запомнат како умна и забавна".
Извадок од книгата тука