Живот и забава

100-те омилени филмови на Куросава

За култниот јапонски режисер, Френсис Форд Копола има кажано: „Она што го разликува Куросава од сите други е што тој нема направено едно или две ремек дела. Тој има направено осум!“

Хабл се тресе у ладен простор

Старите аналогни часовници некогаш знаеја ничим изазвани да запрат да работат иако беа прописно курдисани. Понекогаш тој проблем знаеше да се реши со обично протресување. Ќе го протресеш саатот нервозно и ете ти ја стрелката од секундарникот, продолжува да врти ко ништо да не било. Исто чаре било и за Хабл, телескопот кој кошта речиси три милијарди долари.  

Екстерно за професори

За да ги зајакне образовните стандарди, канадската провинција Онтарио реши дека за да ја добијат потребната лиценца, кандидатите за наставници во иднина ќе мора да положат тест по математика. Базичен, најбазичен.

Филип Морис започна кампања против пушењето

Тобако гигантот најде начин како маркетиншки да се појави во услови кога постои глобална забрана за рекламирање цигари и пушење. Реклами непушење.

По 136 години платени комуналии за базиликата на Гауди

Зданието сред Барселона, чија градба по 136 години се уште не е завршена, исто така сето ова време терала како дивоградба без платени давачки.

Има и бетер од пушење цигари, и се вика кауч

Во категоријата „најголем проблем за вашето здравје“ немањето физичка активност е поштетно отколку пушење, дијабетес и срцеви заболувања.

Најголем ризик за пандемија се виралните дезинформации

Следната смртоносна пандемија нема да се случи затоа што човештвото е слабо со превентивни научни методи и техники туку затоа во ова дигитално време, луѓето меѓусебно лесно се заразуваат со лажни информации и глупоштини.

Што мајка бараше Кид Рок во Белата куќа?

За да го поддржи Трамп со чиј потпис стапи во сила законот за музичка модернизација. Што е закон за музичка модерницација? Комплицирано.

Кинески бунт против набиени цени на невести

Затоа што се претерало со нерегулираните цени на невести во Кина, локалните власти на повеќе села решаваат да ограничат колку најмногу пари може да се понудат или побараат за невеста.

Не многу голема победа, ама мерачка

Предмет: авокадо, богот на веганската исхрана. Тема: има веројатност дека авокадото не е веганско.

Дур си Блинкнал, долгови до гуша

Тим ДеЛонг беше фронтмен на фејкерскиот и јако инфантилен бенд Blink 182 (толку фејк што во урбан речник денес тоа име денес значи „лажен панкер“). Потоа се посвети на сосема друга тема, научни истражувања на НЛО и други феномени. Бетер.

Што и да се случи, гео-инженерингот на планетава е неизбежен

Најверојатниот тајмлајн е дека прво неколку години ќе почне да се прави галама на темата, па потоа ќе излезат сериозни аргументи за алармантноста на ситуацијата, за еден ден да почнете да забележувате се повеќе авиони на небото кои распрснуваат мали честички аеросол кои ги рефлектираат сончевите зраци назад кон вселената.

Песната со која Боуви не успеа на „Ѕвездите на BBC“

Четири години пред да го издаде својот прв епохалеn албум, Дејвид Боу пробува со свој бенд да се пробие на талент шоу на BBC за да се чуе негова песна на радио. Судиите го масакрираат.

Ширење на колената како руска пропаганда

За феноменот наречен „manspreading“ пишувавме уште во 2015 година, кога едни машки краци во метро невкусно го повредуваа приватниот простор на оскаровката Хелен Мирен. Но, тоа беа наивни цивилни времиња. Сега таков случај, ако го објават Руси, автоматски се означува како инсценирана пропаганда од Кремљ, за да се тензијаши по интернет.

Новинарите што изминатава година беа убиени во ЕУ заради истражување корупција

Бугарката Викторија Маринова чие тело беше најдено во парк во Русе е трет новинар од земја членка на ЕУ кој последниве 12 месеци е убиен додека истражувал корупција во ЕУ и проневера на ЕУ фондови.

Што е погрешно во оваа реклама?

Еден хотел ја повлече рекламата за себе објавена во еден викенд магазин откако пуританскитте крстоносци на Твитер и другите мрежи се воспалија и ја прогласија за сексистичка.

На Пакистанец му се оствари твојата животна желба

Уличен продавач на сладолед кој живее сред гето во Карачи, дознава дека ни крив ни должен на сметка во банка имал 15,8 милиони евра.

Русите се криви и за Стар Ворс

Илјадници фанови на Ѕвезените војни мислат дека со Последниот Џедај, продуцентите и режисерот ја упропастија нивната омилена филмска франшиза. Продуцентите и режисерот? Не бидете наивни.

Данска укинува продажба на дизел и бензински автомобили

Целта на Данците е до 2030 да имаат над 1 милиони електрични автомобили на своите патишта, а во исто време ова е крајниот датум до кој во земјата ќе може да се продаваат автомобили со дизел и бензински мотор.

Може ли светот да се спаси од туристи?

Венеција само што не прскала против туристи, Мадрид воведува посебни правила за ограничување на Ербиенби, Тајланд го затвори островот од „Плажата“, кинеските власти почнаа со апели до своите граѓани да не ја резилат земјата како туристи.

Уште ова ни фалеше

Какво време дојде, ни да умреш веќе не си раат. Докторите сега велат дека и мртов уште некое време живееш, ама свесен дека си од другата страна. Што некому може да му зазвучи и познато.

Колумнистот Борис Џонсон и неговата плата

Човекот што ја извади Британија од ЕУ, па стана министер за надворешни работи на истата обезевропена Британија, пред некое време повторно е ангажиран за колумнист во Дејли Телеграф... за хонорар од 275.000 фунти годишно.

Жбрц!

Триумфална и историска беше вчерашната објава на Амазон дека минималната плата на своите работници ја крева на 15 долари на час. По објавата почна и подетално да се разгледува целиот апгрејд на платите.

Бидете штурец

Читнете два примера за тоа како и со што паразитите манипулираат со мозокот на својот домаќин. И извлечете од тоа поука. Во врска со себе и социјалните мрежи.