Наместо тукашната автоматска доживотна осуда на неупотребливост од првиот ден на пензијата, Јапонците решаваат на своите и онака преработени сограѓани во години да им го продолжат животот со тоа што ќе им дадат уште работа.
По таа основа првиот ден од пензионирањето за Јапонците најчесто значи прв ден од втора кариера. Оваа пракса е дел од „Втор живот“ програмата на јапонската влада за згрижување и адаптирање на општеството на потребите на пензионерите.
Освен новото работно место, пензионерите обично добиваат и посебни домови (адаптирани за возрасни луѓе) и пензионерски заедници кои им помагаат да бидат активни. Сето ова на ниту еден начин не наликува на истоимените решенија што ги има кај нас, ниту домовите, ниту заедниците.