Дури и да сакаме за наше добро да заборавиме трауматични сеќавања, за да направиме простор за нови искуства и како подобро да реагираме на нив, мозокот треба да активира поголем капацитети за да го направи тоа.
„Сеќавањата не се статични. Тие се динамична конструкција на мозокот која постојано се надополнува, изменува и реорганизира преку искуствата. Мозокот постојано памти и заборава информации, и најголемиот дел од ова се одвива автоматски за време на сонот,“ го објаснуваат научниците стандардниот механизам за дефрагментирање на мозокот.
Во експериментот на Универзитетот Тексас на испитаниците им се покажани слики од сцени и лица, кои потоа имаат задача да ја запаметат или заборават сликата, и сето ова се следи со посебна опрема за надзор на активноста на мозокот.
Резултатите потврдиле дека луѓе имаат капацитет да контролираат што ќе заборават, ама дека успешно заборавање бара умерено ниво на мозочна активност, која е повисока отколку онаа што била потребна за да се запамети нешто.
„Умереното ниво на активност е клучно за механизмот за заборавање. Премногу силна активност само ќе го засили сеќавањето; премногу слаба нема воопшто да го модификува.
Најважно, намерата да се заборави ја зголемува активноста на меморијата, и кога оваа активност ќе го постигне ’умереното ниво’, тогаш доведува до заборавање на ова искуство,“ појаснуваат научниците.