Ваквиот тренд не се очекува да се намали, бидејќи истата студија покажала дека 35% од испитаниците би размислиле да го стават миленикот на веганска исхрана.
Една корелација од резултатите покажува дека терањето исклучиво веганска исхрана било пријавено исклучиво од сопственици вегани и од еден вегетаријанец.
Она што луѓето кои чуваат миленичиња на веганска исхрана не го земаат предвид е дека и мачки и кучиња сами се грижат за тоа да ја надополнат својата исхрана со месо. Па така во куќа со „веганска“ мачка често пати сопствениците наоѓаат глувци „складирани“ по најразлични ќошеви и дупки, а во околината на двор со „веганско“ куче нема никогаш да начекаш да ти претрча мачка или верверица.
Ваквите ликови во своја одбрана ја користат дефиницијата на кучиња како „сештојади“, и тоа многу погрешно. Само тоа што се „сештојади“ не значи дека можат да јадат само едно од сето тоа сè, туку дека исхраната треба да им биде составена од сè.