Вести

Женските ВИ агенти би биле помалку платени од машките

На околу 200 канцелариски работници им биле дадени два истоветно способни и тренирани агенти на вепштачка интелигенција да им помагаат во извршување на различни задачи. Еден бил дизајниран како жеснко, другиот како машко. Иако на крајот биле оценети со иста оценка за способноста и помошта, кога дошќло да се платат, женската агентка останала покуса.

Зошто да ги сопреш чамците кога можеш да ги сопреш протестите

Она што во Велика Британија започна како криза со порозната водена граница, се претвора во криза на државниот легитимитет. Држава што не може да ги контролира своите граници, не може да ги штити своите граѓани. Држава што ги става лажните права на нелегалните мигранти пред тешко стекнатите права на граѓаните не може да очекува лојалност на Британците.

Се распаѓа прогресивниот проект на Педро Санчез

Социјалистичкиот премиер на Шпанија заслужи глобални аплаузи кога му одеше контра на Трамп и ја осуди војната со Иран. Но, дома му избега тлото под нозете. Во нокдаун го однесоа корупциски скандали на негови најблиски луѓе (жена му, брат му...) а ги запрепасти Шпанците кога легализираше половина милион илегалци. Подоцна десантот врз шпанската енклава Сеута покажа дека погрешно е да се романтизира таа тема. 

Речник

Може ли вештачката интелигенција сама да заслужи Нобелова награда?

Вештачката интелигенција веќе има помагано во освојувањето на Нобеловата награда. Сега се поставува прашање за следниот, многу поамбициозен чекор. Може ли таа сама? Да не биде само корисна алатка туку независно да постави хипотеза, да спроведе истражувања и да дојде до откритија што ја менуваат науката и животот?

Младиве се прават БОРГ-и

Еден тренд на пиење во последниве години ги освојува факултетите и ТикТок, а младите наивно веруваат дека тоа што го пијат помага за полесни мамурлуци. А кога се знае што и колку има во еден БОРГ, јасно е дека Господ не помага во таков мамурлук. Ама па на младите кои се растени во карантини им помага да почнат муабет.   

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Свињи на бело

Што е полошо од 30 до 50 диви свињи? 30 до 50 диви свињи на кокаин.

Хуавеи подели бонуси за битката против САД

Околу 20.000 вработени на Хуавеи се наградени за нивните напори за минимизирање на ефектите од американското ембарго врз компанијата, и тоа со сума од вкупно 286 милиони долари.

Шведска има многу нешведска година

Минатиот месец во една ноќ во Стокхолм имаше 3 експлозии на бомби. Просекот на експлозии во градот е од Втората светска војна до пред некое време е - ниедна.

Расизам, па што

Расистичките дела понекогаш или секогаш се оправдани, е ставот на повеќе од половина анкетирани Италијанци по серијата расистички и анти-семитски инциденти во земјата.

Грешките се мајка на знаењето

Просек од 15% неточни одговори е најдобар и најбрз начин за учење, тврдат луѓе длабоко запознаени со учење.

Американските роботи изгубија работа од азиските роботи

Ко што вика еден пријател, во нашиот Матрикс и тоа се случи, да имаме роботи - стечајци (така е кога не знаат синдикално да се организираат). Веста е дека Адидас ги затвора своите роботизирани фабрики во Европа и САД и ги сели во Азија.

Јутјуб, без обврски

Во новите правила што Јутјуб ги воведува од декември (по основа кој не сака, слободно нека напушти), компанијата „нема обврска“ да хостира ничие видео што не и се бендисува, а и тие што ги хостира ќе треба да почнат да носат пари.

Француската левица има проблем со исламофобија

Деновиве француската левица излезе на протест против исламофобијата во земјата, претходно имаше отворено писмо против истата, меѓутоа најзабележително на двете беше отсуството на дел од истата таа левица.

Како Данске банк ловеше руски милијардери

Во врвот на 220 милијарди долари вредната афера, Данске банк на своите клиенти им нудела златни шипки за полесно криење на нивните богатства.

Што знае дете што се 2.300 евра за да се слика со Дедо Мраз

Родителите што сакаат нивните деца празнициве да се сликаат со Дедо Мраз во лондонски Хародс, ќе треба да направат минимум 2.320 евра (2.000 фунти) сметка во стоковната куќа за да се квалификуваат.

До морковите било

Исто као нас, Делхи има сериозни проблеми со ужасно загадениот воздух. Исто како нас, Делхи да ти имал и сериозни политичари кои знаат да помогнат со драгоцени совети.

Не бидете наивни, ЕУ не е никаков заштитник на работничките права

„Европскиот проект отсекогаш служел да му го олесни животот на капиталот. Затоа толку многу го сакаат мултинационалнтие компании“, пишува економскикот уредник во Гардијан.

Како да си слободен после доживотен затвор?

Американски робијаш умира накратко, во клиничка смрт, по што го враќаат во живот. Сега тврди дека со тоа ја отслужил доживотната казна затвор. Има логика. ама не наиде на разбирање кај судиите.

Не бевме подготвени за свет без ѕидови

Три децении после падот на берлинскиот ѕид, светот не е онаков каков се надеваа дека ќе биде оние кои го рушеа. Сега се бараат нови ѕидови; некои на границата со Мексико, некои во своите глави.

АлиЕкспрес денот, најголем шопинг ден на сите времиња

Алибаба официјално го води како Денот на самците и е празник што го презеде од кинеските студенти, кои го започнаа во 1990-те како прослава на Кинезите без партнер/ка. За само десет години тие успеаа денот да го претворат во најголемиот шопинг настан на светот, привлекувајќи стотици милиони луѓе кои заедно за еден ден ќе потрошат десетици милијарди долари.

Време е Мона Лиза да се симне од Лувр

Околу 80 проценти од 10 милиони луѓе што го посетуваат Лувр музејот во Париз доаѓаат да ја видат Мона Лиза, и најголемиот дел од нив си заминуваат незадоволни.

Грците ќе чадат мигранти со скара

Со сета мудрост карактеристична за грчка радикална десница, група грчки националисти за викендов закажаа правење скара (нормално свинска) веднаш до еден од бегалските кампови во земјата.

Трамп му се намерачил на Гренланд за сериозно

Луѓето од Пентагон и Стејт департманот интензивно работеле што побрзо да ја вратат воената помош на Украина, но никако не можеле да договорат состанок со Трамп затоа што неговите соработници премногу биле зафатени во наоѓање начин како да го купат Гренланд.

Политичките бегалци на Калифорнија

Онаа реплика на Раде Шербеџија во „Трето полувреме“, „Секоја птица лета во своето јато“, се чинеше прецизна за автохтоното балканско/ македонско проклетство за поделеноста на луѓето. Aма, не лези враже, се чини дека има и четврто полувреме.

Милијардерите не се само супер-богати луѓе

Никој не станал милијардер само заради напорна работа. Ако со напорна работа заработуваш по 5.000 долари на ден, и тоа почнувајќи од 1492 кога Колумбо пристигнува во Америка, не само што ќе имаш помалку од Џеф Безос, туку воопшто нема да бидеш ни милијардер.

Русите се најголемиот проблем на Алексеј Навални

На најголемиот дел од Русите не им е гајле што сè прави за менување на власта главниот руски опозиционер, Алексеј Навални, и покрај тоа што човекот за оваа кауза до сега мина полициски рации, сериозни парични казни и лежење затвор.

Мартин Скорсезе да се дообјасни околу Марвел

Пред некое време Скорсезе изјави дека Марвел филмовите „не се кинематографија“, па раја се фати за „кука и мотика“ (сето тоа на интернет, во реален живот сè му беше по старо) и сега режисерот одлучи на широко да објасни што точно мислел со изјавата (како тоа нешто да ќе смени).

Бугарски работи

Бугарин обвинет дека шпионира за Русија доби дозвола од бугарскиот суд да ја напушти Бугарија и да отпатува за Москва каде беше одликуван со орден од рускиот претседател Владимир Путин, та-даааам.

Од сè што се бара од Фејсбук, Фејсбук реши да понуди ново лого

Намерата на новото лого е да донесе „чувство на оптимизам“ околу брендот што на светот му го донесе Кембриџ аналитика скандалот.