Американските роботи изгубија работа од азиските роботи

Ко што вика еден пријател, во нашиот Матрикс и тоа се случи, да имаме роботи - стечајци (така е кога не знаат синдикално да се организираат). Веста е дека Адидас ги затвора своите роботизирани фабрики во Европа и САД и ги сели во Азија.

Адидас планира да ги затвори своите високо-технолошки „роботизирани“ фабрики во Германија и САД и да ја пренесе технологијата во Азија, бидејчќи таму тоа би било „поекономски и пофлексибилно“.

Овие фабрики и нивните локации беа дел од стратегијата на Адидас да ги приближи производите до големите пазари, да ги намали високите трошоци за бродски превоз и да ги избегне растечките плати во Азија. После две, односно три години, сфаќаат дека и за роботизираниот дел од нивното производство, Азија е подобра средина.

Таму веќе го имаат префрлено мануфактурното производство во кое се ангажирани преку еден милион работници, главно во Кина и Виетнам.

Роботско правење патики започнаа во 2016 година во Анбах Германија за една година подоцна таква фабрика да изградат и во близина на Атланта. По затворањето, во Германија ќе остане само еден капацитет за тест производство.

Адидас е компанија формирана во 1949 година од германскиот чевлар Ади Даслер.

12 ноември 2019 - 16:43