Детално за Делхи и неговиот воздух имаме пишувано во статијата „Њу Делхи се угуши, вие за Скопје се секирате“
Статијата која сега ја пренесуваме од НПР, овде ќе биде пократка бидејќи кај нив, поголемиот дел е опис на тоа како е да се живе со загаден воздух. Печење очи, зголемен број пациенти и сл. Бидејќи овде тоа никому не треба да му се опишува, само за пар реакции од нивните надлежни луѓе и служби.
Во шпицот на загаденоста кога градскиот воздух отишол во категоријата екстремно опасен, две министерства предизвикаа дополнителен гнев кај луѓето кои се борат за здив.
Министерот за здравство им препорачал да јадат моркови.
А министерството за животна средина истиот ден твитнал спасоносен совет:
„Започнете го денот со музика.“
Освен гнев, се разбира, имало и мајтап:
А имаат и посериозни ангажмани: пред една недела илјадници луѓе протестирале кај споменикот „Портата на Индија“ барајќи од валстите да преземат нешто а идеите на таа тема ги собираат под хаштазите #EnoughIsEnough и #BullshitNoMore.