Еден Италијанец и тројца Албанци се уапсени во Италија по основа продажба на дрога, откако со прислушување биле снимени како на телефон разговараат за дилање дрога. Поточно, тројцата си се жалеле меѓу себе дека диви свињи им ги откопале залихите кокаин што ги имале закопано во Вал ди Кјана во Тоскана.
Во извештаите се пренесува дека „дивите свињи со нивните моќни рилки успеале да ги распараат пакувањата во кои се чувал кокаинот“ и да го растурат низ идиличната шума.
Наводно бандата го набавувала кокаинот од соседна Перуџа и месечно продавала околу 2 килограми во локалните барови и клубови, по цена од 88 до 110 долари за грам. За да не шетаат со 2 кила кокаин во себе, тие го закопувале кокаинот во шума и точеле од таму во зависност од нарачките.
За сега не се знае што се случило со дивите свињи, ниту колку кокаин консумирале.
Инаку и Италија, како и добар дел од ЕУ и САД, имаат проблем со претераната популација на диви свињи на своја територија.