Трамп му се намерачил на Гренланд за сериозно

Луѓето од Пентагон и Стејт департманот интензивно работеле што побрзо да ја вратат воената помош на Украина, но никако не можеле да договорат состанок со Трамп затоа што неговите соработници премногу биле зафатени во наоѓање начин како да го купат Гренланд.

Ова е дел од сведочењето пред американскиот Конгрес на амбасадорот во Украина, Бил Тејлор, а се однесува на наредбата на Трамп од средината на јули да се прекине со давање американска помош на Украина.

Амбасадорот на сведочењето во октомври годинава изјавил дека „на секое ниво на меѓу-агенциската дискусија било едногласно мислењето“ дека помошта треба повторно да и биде овозможена на Украина, и дека првиот човек на Стејт департманот, првиот човек на Пентагон, директорот на ЦИА и националните советници за безбедност заедно работеле да организирааат итен состанок со Трамп „за да го убедат да ја прекине блокадата“.

„Сепак, тие не можеле да добијат термин за состанок до септември. Тејлор изјавил дека делумно причина за ова е што луѓето имале службени ангажмани во странство, додавајќи ’но мислам дека ова беше во исто време со прашањето за Гренланд, околу купувањето на Гренланд, кое му потроши многу енергија на Националниот совет за безбедност,“ пренесува Гардијан.

Инаку на 20-ти август Трамп ја откажа службената посета на Данска по основа дека тамошната премиерка „немала намера да дискутира околу продавањето на Гренланд“.

 

7 ноември 2019 - 14:40