Само 9% од Русите имаат позитивно гледиште кон „делото“ на Навални, покажува анкетата на Левада центарот, според која секој четврти Русин има негативен став за постапките на опозиционерот.
Меѓу повисоките бројки од анкетата е дека 31% од анкетираните изјавиле дека на никаков начин не им било гајле, а уште 31% одговориле дека не знаат доволно за активностите на Навални.
Инаку 43-годишниот активист е претседател на опозициската партија „Русија на иднината“, и основач на анти-корупциската фондација. Втората до сега беше домаќин на неколку полициски рации од руските власти.
Околу 47% од испитаниците изјавиле дека немале поим за рациите против фондацијата на Навални, што не им сметало на една-третина од сите испитаници да изјават дека ги поддржуваат рациите.