Парите ќе бидат исплатени како бонуси и дупла плата за октомври. На компанијата прво и беше забрането да продава 5Г инфраструктура во САД, а потоа им беше забрането на сите американски компании да соработуваат со нејзе по каква било основа. Вашингтон главно го смета Хуавеи за потенцијален шпион за кинеската влада, нешто што компанијата постојано го отфрла.
Хуавеи има околу 190.000 вработени, а бонусот ќе биде исплатен за тимот што бил фокусиран на „минимизирање на влијанието на американските санкции преку истражување и развој како и откривање на нови добавувачи на компоненти“. Главно задачата што ја заврши овој тим беше наоѓање на домашни производители за технологијата која им беше забранета и изработка на нивниот Хармони ОС оперативен систем.
Бонусите беа темпирани да се исплатат пред 11.11, кинескиот Ден на самците и најголемиот шопинг ден на интернет.
Минатата недела основачот на Хуавеи објави дека компанијата е на пат 2019 да ја заврши со меѓу 240 и 250 милиони смартфони. Во 2018 имаа 206 милиони продадени уреди.