Иако и до сега никој не се сомневаше дека Јутјуб има таква обврска ова е прв пат компанијата тоа јавно да го нагласи. Декемврискиот апдејт ќе биде трет пат како Јутјуб годинава ги надополнува правилата за користење на сервисот.
Јутјуб по ново може и комплетно да го укине твојот пристап до платформата или твојот канал доколку одлучи дека ти повеќе не си комерцијално исплатлив за нив.
Другите измени во правилата на користење главно се однесуваат на поголема заштита на децата што ја посетуваат видео платформата. Ова вклучува и предупредување дека „ако си малолетник во твојата држава, секогаш мора да имаш дозвола од твојот родител или старател за користење на сервисот“.