Здравје

Прв спасен живот со генетската техника КРИСПР

Деветмесечено бебе родено со ретко генетско нарушување е првиот човек што е излекуван со терапија за модификација на гени со техниката КРИСПР, која пред пет години заслужи Нобелова награда. Успехот на лекарите од Филаделфија се смета за историски во медицината, бидејќи им дава уште една шанса на луѓето со ретки болести, за кои нема други третмани што би им го спасиле животот.

Скршеното срце почесто ги убива мажите

Стресот и емоционалната болка по раскинување на врска е тема на безброј песни, книги и филмови. Но, синдромот на скршено срце е медицински потврден како сериозна состојба по емоционален и физички стрес, со висока стапка на смртност од 6,5 % и од која страдаат се повеќе луѓе. Од синдромот почесто страдаат жените, но двојно повеќе е фатален за мажите.

Гасот од шпоретите е ризик за рак кај децата

Шпоретите на гас ослободуваат доволно големо ниво токсични гасови за да предизвикаат рак, покажува нова студија. Главниот виновник е бензенот, кој се создава со согорување на природен гас или пропан. Децата се двојно повеќе изложени на ризикот од возрасните. Добрата вест е што подобро вентилирање на домот, макар и отворен прозорец покрај шпоретот, го намалува ризикот.

Зрачењето од мобилните сепак имало врска со канцер

Мобилните телефони, рутерите, базните станици, сите уреди со радиофреквентни зрачења сепак имаат врска со тумори, покажува нов преглед финансиран од СЗО. Тоа не мора да значи дека треба итно да се ослободиме од мобилните телефони, без кои животот денес не може да се замисли, но има инженерски решенија што може да помогнат. Пред се, луѓето треба да знаат за ризикот.

Вакцина на шмркање

Канадската влада започна интензивно тестирање на новата мРНК „AeroVax“ вакцина против ковид, која експертите ја опишуваат како начин да се заобиколи отпорот на традиционалната вакцинација. За разлика од конвенционалните вакцини кои се даваат со инјектирање, AeroVax се администрира преку аеросол - како спреј што се вдишува и директно ќе го таргетира горниот респираторен тракт.

Фаучи под истрага дека финансирал истражувања со вируси во Вухан

Специјален разузнавачки тим ќе ги проверува врските на докторот Ентони Фаучи со опасни истражувања на вируси во лабораторијата во Вухан, од која мошне веројатно се прошири пандемијата на ковид. Шефицата на разузнавањето потсети дека САД финансирале опасни генетски истражувања на вируси и во биолаборатории во Украина пред да почне војната.

Брза храна - побрза смрт

Претерано користење ултраобработена храна - како месо, житарки или готови оброци, го зголемува ризикот од прерана смрт, покажува глобално истражување. Ваквата храна веќе содржи превисоки концентрации на масти, сол и шеќер, а уште поголема штета создаваат адитивите за боја, вкус и засладувачите. На секои 10% внесена брза храна, ризикот за прерана смрт се зголемува за 3%. 

„Модерна“ нуделе пари и плишани мечиња за деца да тестираат вакцини

Фармацевтската гранка за развој и производство на вакцини која во ковид времето доживеа невиден бум, сега дополнително се дискредитира со последната епизода која може да резултира со суспендирање на еден од нивните гиганти, Модерна, од британскиот пазар. Компанијата е осомничена за кршење на низа правила, меѓу кои лажење на регулаторите и нудење „мотивациски“ подароци за деца.

Пола од грчките смртни случаи од ковид не биле од ковид

Анализа на смртни случаи во атински болници во 2022 година покажала дека имало речиси двојно повеќе запишани отколку реални смртни случаи од ковид. Коронавирусот го запишувале како причина за смртта кај сите пациенти со позитивен ПЦР тест, дури и ако немале никакви симптоми. Доктори сметаат дека грешната евиденција била правена намерно, за да се прошири страв во јавноста.

Што всушност се криe за мРНК вакцините?

Германски и европски надлежни институции со години не даваат одговори за тестирања на мРНК вакцините, иако податоци одамна се протечени во јавноста. Освен што со ваков молк се губи довербата во надлежните, криењето податоци создава впечаток дека стандардите за безбедноста можеби не се толку високи колку што е неопходно за дозирани лекови што масовно се користат кај здрави луѓе.

Американските деца нема да мора да се вакцинираат за ковид

Министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор ја разгледува можноста за отстранување на вакцината за ковид-19 од задолжителната листа за препорачана имунизација на деца. Кенеди вели дека нема потреба деца да примаат вакцина чија безбедност е оспорена и цитира студии што покажуваат дека здравите деца се соочуваат со исклучително низок ризик од смрт од ковид.

Внимателно со компјутерската томографија, ризикот од рак не е мал

Скенирањето со компјутерската томографија рано открива прикриени болести и спасува животи, но научници се загрижени дека претераното користење на оваа технологија го зголемува ризикот од развој на канцер кај пациентите. Иако дозите на јонизирачко зрачење се ниски, ризикот сепак постои. Се препорачува да се ограничат скенирањата само за пациентите на кои тоа им е неопходно.

Си ги чистиме забите со токсини и тешки метали

Повеќето пасти за заби опфатени со независно тестирање содржеле олово и други тешки метали ризични за здравјето. Дури и оние за деца. Производителите се оправдуваат дека концентрациите не го преминуваат максималниот праг дефиниран во регулативите, но ниту едно ниво на изложеност на олово, арсен, жива или кадмиум, кои се канцерогени, не може да се смета за здраво.

На пат сме да ги решиме сите алергии - одеднаш

Пред еден век антихистамините беа револуција во третманот на алергија. Нови клинички испитувања покажуваат дека уште поефикасни против алергии се лекови со моноклонални антитела што се наменети за астма. Една инјекција може да ги спречи симптомите цела пролетна сезона, не предизвикува непосакувани реакции и може да дејствува против сите типови на алергии. 

Високиот холестерол не мора да значи висок ризик за срцеви болести

Ново истражување го оспорува долгогодишното верување дека високиот холестерол директно предизвикува коронарна артериска болест кај метаболички здрави лица чие ниво на ЛДЛ холестерол се зголемува поради кетогена диета со ниски јаглехидрати. Овие лица имаат високи нивоа на ЛДЛ без траги од коронарна артериска болест или прогресија на болеста со текот на времето.

Паркинсоновата болест е создадена од човекот

За науката не е случајно тоа што Паркинсоновата болест почесто се појавува во земјоделски региони труени со глифосатии паракват. Сепак сè уште се прска и ќе се прска со овие пестициди. Холандски експерт го споредува ова со задоцнетото свестување од канцерогеноста на азбестот. Науката навреме предупредува, политиката не реагира, па дури по половина век ќе се прашаме „Што по ѓаволите мислевме?“.

Кенеди: До септември ќе ги знаеме причините за аутизмот

Згрозен од зголемениот број случаи на аутизам во САД, претседателот Трамп бара да се утврдат причините. Да не е исхраната? Можеби е некоја вакцина? Министерот за здравство Кенеди вети одговор до септември. Здруженијата се сомневаат дека човек што веќе ги поврзува вакцините со аутизмот може да испорача вистински одговор. Плус, истрагата ќе ја води човек што без лиценца лекувал дете.

Ги помешале епруветите, родила дете на друга жена

Австралијка родила бебе од друга мајка и непознат татко, откако во клиниката за вештачко оплодување ги помешале епруветите со ембриони. Наместо сопствениот дониран ембрион ѝ бил вметнат од друга жена. Ова не е прв инцидент на клиниката, која се гордее со повеќе од 50.000 успешни вештачки оплодувања. Лани им изгорела ембриони на 700 пациенти.

Кенеди тргна во поход против флуорот во водата за пиење

Министерот за здравство на САД војува со вакцинирањето, смартфоните, бебешката храна, зејтинот, оземпикот, а веќе отвора нов фронт – против флуорот во водата. Флуорот штити од кариес, но во големи дози може да предизвика оштетувања на мозокот. Позагрозени од предозирање се луѓето што редовно ја одржуваат оралната хигиена, зашто и пастите за заби содржат флуор.

Новороденчиња третирани со антибиотици послабо реагираат на вакцини

Бебињата што веднаш по раѓањето примале антибиотици имале намалена имунореакција на вакцини кога биле на возраст од 7 до 15 месеци, покажува нова студија. Причината е уништувањето на корисна бактерија во цревата што го засилува ефектот на вакцините. Лекарите велат дека нема „претерана“ причина за загриженост, зашто и антибиотиците имаат важна улога.

мРНК вакцините прават промени кои се поврзуваат со рак и леукемија

Вакцинирањето со мРНК вакцини предизвикува долготрајни промени во клучен дел од нашите хромозоми - промени кои претходно се поврзуваа со воспалителни и автоимуни болести и канцери, вклучувајќи леукемија и тумори на мозокот, пренесува Алекс Беренсон резултати од една рецензирана студија на германски истражувачи.

Словачка ги прогласи ковид вакцините за ГМО: Ве претворија во пченка

Комесарот што спроведе истрага за пандемијата во Словачка тврди дека имунизацијата против ковид-19 била експериментална генетска терапија што ја менува човечката ДНК и го зголемува ризикот од рак. Пратеници го оспоруваат кредибилитетот на комесарот Петер Колар, кој е ортопед и пратеник, но не баш и заклучоците. Пет години по пандемијата сè уште не сме на чисто што сè содржеле вакцините mRNA.

Слабото срце го смалува мозокот

Опаѓањето на когнитивните функции и деменцијата кај возрасни луѓе е поврзана со намален волумен на мозокот, особено во делот кој е одговорен за меморијата. Студија открила неочекувана врска меѓу намалениот мозочен волумен и раните знаци на срцеви проблеми.

Психоделичните печурки легализирани во Колорадо

Откако канабисот пушти здрави корења во 39 сојузни држави во САД, дојде редот на магичните печурки. По Орегон, ги дозволи и Колорадо. Сериозни клинички студии упатуваат дека псилоцибинот од печурките е ефикасен за третирање тешки форми на депресија и анксиозност. Третманот е скап, до 3.000 долари по сесија, но печурките се евтини и може легално да се одгледуваат за лична употреба.