Глобална консултантска фирма се согласи да плати огромна отштета за да не бидат предмет на кривична истрага за нејзината улога во продажбата на лек против болка кој прави зависност и неретко води кон смрт од предозирање. Но, тоа се само пари, а пари имаат. Ниеден директор или газда и овојпат нема да одговара - нема судења, нема затворски казни, иако на душа имаат илјадници животи.