
Компанијата Монаш ИВФ се извини за грешката, за која признава дека била предизвикана од „човечки фактор“ во клиника во Бризбејн.
Грешката била откриена во февруари, кога родители побарале нивните преостанати ембриони да бидат префрлени во друга клиника за вештачко оплодување. Во пратката бил собран и ембрион од друга жена и неправилно бил одмрзнат, потврди клиниката.
Инцидентот е пријавен во надлежниот комитет за репродуктивна технологија во Квинсленд.
Сите во Монаш ИВФ сме скршени и им се извинуваме на сите вклучени. Презедовме дополнителни контроли и уверени сме дека ова е изолиран инцидент, изјави директорот на Монаш ИВФ, Мајкл Кнап.
Но, ова не е „изолиран инцидент“ за компанијата. Во август Монаш ИВФ им платила казна од вкупно 56 милиони долари на повеќе од 700 поранешни пациенти на кои им ги уништил ембрионите. Тужителите тврдеа дека со погрешен генетски скрининг биле утврдени аномалии кај 35% од ембрионите, иако тие биле нормални. Клиниката прифати спогодба, но не ја призна одговорноста за инцидентот.
Клиниката Монаш е третата во светот што овозможила раѓање бебе „од епрувета“. Од 1980 година асистирала при раѓање на повеќе од 50.000 бебиња.
Се проценува дека од првиот случај во 1978 година па до денес со ин витро технологија се родиле повеќе од 13 милиони луѓе.