Доктор Виктор Ачариан бил казнет од надлежната организација на лекари со условна казна од 6 месеци забрана за вршење на дејноста, доколку го повтори делото - да одбие да пружи услуги на транс-лице.
Спомнатото лице закажало преглед, асистентката му пишала на докторот дека им е дојден 'таков и таков' а овој ѝ пишал:
„Не работам такви случаи. Имаат специјалист за тоа во Бордо или Тулуз.“
Откако бил одбиен, пациентот оставил гневен коментар на интернет страницата на ординацијата, обвинувајќи го гинекологот за трансфобичност.
Овој им вратил со коментар:
„Жалам, немам искуство со третман на мажи, дури и кога ќе дојдат со избричена брада или на мојата секретарка ќе ѝ кажат дека се жена.“
Др. Ачариан вели дека дневно знае да прегледа и по 50 пациенти и жали што неговиот коментар бил доживеан како навреда,
„Не сум ни трансфобичен ни хомофобичен и сум помагал на многу мои хомосексуални пациенти. Можев да го примам овој човек, да го натерам за консултации да плати 80 евра и на крај да му кажам дека сум некомпетентен за неговиот случај. Тоа ли сакаат? Овие луѓе се на хормонски третмани, пропишани од специјализирани служби. Им оставам ним да ги контролираат“.
Во извештај од 2018 година се забележува дека во последната деценија, бројот на гинеколози во Франција има паднато за 42 процента.