
„Модерна“ би можела да се соочи со суспензија од британското фармацевтско трговско тело заради низа прекршувања на регулаторниот код. Производителот на ковид вакцини е под лупа на регулаторите поради „неприфатливи“ практики кои дополнително ја дискредитираат индустријата.
Истрагата може да заврши со суспензија или исклучување од Здружението на британската фармацевтска индустрија.
Меѓу другото, претставници на компанијата нуделе по 1.500 фунти и сомотски мечиња за учество на деца во испитувања за ковид вакцини. Попат, ги мафтале регулаторите кога овие првпат дознале за ваквото „мотивирање“ и „стимулации“ на деца и нивни родители кои се забранети со кодексот.
Во меѓувреме, беше откриено и дека автор на неколку популарни статии во кои се промовираше вакцината на Модерна бил нивен вработен од високите ешалони на компанијата а притоа тоа не ѝ било предочено на јавноста. Коавтор на една од тие статии бил и поранешниот министер за вакцини, Надим Захави.
Суспензија или исклучување од британската фармацевтска индустрија е извршено само девет пати во последните 40 години.