Свет

Германски ученици маршираат против регрутацијата

Десетици илјади германски ученици денеска ја бојкотираат наставата за да протестираат против новата владина политика за регрутација. Владата на канцеларот Мерц испрати прашалници до 206.000 млади дали прифаќаат воена служба. Пријавувањето е на доброволна основа, но ако не одговорат на прашалникот, се соочуваат со казна од 250 евра или може да бидат приведени.

Израел плаќа 730 милиони долари за да си го врати угледот

За да го врати својот углед во светот, урнат по геноцидот во Газа и војните во Иран и јужен Либан, Израел за четири пати го зголеми буџетот за „јавна дипломатија“. Издвои 730 милиони долари за лобирања и кампањи за ширење на влијанието во странство. Скептиците укажуваат нема пари што може да го исчистат угледот на Израел, неповратно уништен поради војните.

Конгресмени бараат САД да признаат дека Израел има нуклеарно оружје

Група конгресмени бараат администрацијата на Трамп да го прекине повеќедеценискиот молк и јавно да признае дека Израел има нуклеарно оружје, што е јавна тајна која Израел ниту ја признава ниту ја негира. Додека САД се во војна со Иран, Американците треба да знаат што поседува и што може да направи нивниот главен сојузник и да ги имаат предвид можните последици.

Шведска се откажува од поимот „исламофобија“

Почнувајќи од мај, шведската влада реши веќе да не го користи широко употребуваниот поим исламофобија затоа што пречесто се користи и за замолчување на оние кои легитимно ги критикуваат идеите и практиките на радикалниот ислам. Решија во иднина да се користи теминот „анти-муслимански расизам“

За богатите „Оданочете ги богатите!“ е говор на омраза

Милијардери со чии даноци се полни касата на Њујорк го оценија како опасно и загрижувачко видеото со кое градоначалникот Мамдани бара воведување даноци на втори луксузни домови. Стивен Рот бара слоганот „Оданочете ги богатите!“ да се третира како говор на омраза, бидејќи ги прикажува богаташите како зло што треба да се отстрани.

Неочекуван тонч од Саудијците за Трамп

Трамп објави дека го запира Проектот Слобода поради „голем напредок“ во напорите за мировен договор со Иран. Дипломатија секако имало, но вистинската причина за откажувањето била тоа што САД не можеле воопшто да ја спроведат операцијата. Саудијците, гневни поради ризикот од ескалирање, се заканиле дека ќе го затворат својот воздушен простор за американски авиони.

Трамп ја обвинува Европа дека е „инкубатор“ за тероризам

Елиминирањето на нарко-картелите на западната хемисфера останува највисок приоритет на администрацијата на Трамп. Но, во новата антитерористичка стратегија на Белата куќа се критикува и Европа, затоа што политиката за отворени граници и неконтролираниот прием на мигранти ја претвориле во финансиски, логистички и центар за регрутирање терористи.

Разнесувањето бродови во Карибите не го запре шверцот на дрога во САД

Трамп и Пентагон тврдат дека воените напади врз цивилни бродови во Карибите и Источниот Пацифик го намалиле за 97% шверцот на дрога во САД и дека спасиле животи на стотици илјади Американци. Конгресмени и експерти укажуваат дека ова се лаги со кои се доведува јавноста во заблуда и обид да се оправдаат незаконски убиства на речиси 200 цивили.

Мој је живот Швицарска, скоро па 10 милиони

Во јуни одат на еден од најбитните референдуми последниве години. Идејата на предлогот „Не за Швајцарија од 10 милиони“ е кога државата ќе дојде до цифра од 9,5 милиони, автоматски да стапат на сила строги лимити на имиграцијата, азилот, семејното спојување, работните дозволи и други форми на доселување. Моментално имаат 9,1 милион жители. Што би рекол швајцарскиот часовник: тик-так, тик-так....

Градинките во Велс ќе пријавуваат „деца-расисти“ во полиција

Негувателите и воспитувачите во граднинки низ Велс добија инструкции итно да го пријавуваат во полиција секој случај на расистичко однесување на децата. Сите инциденти оценети како „злосторства од омраза“ ќе бидат евидентирани во полиција, а сторителите, дури и оние во пелени, ќе се соочат со „дисциплински мерки“ и „лекции по антирасизам“.

Преку израелски телекоми следат луѓе низ целиот свет

Инфраструктура на израелски телекоми била злоупотребена за следење на граѓани во повеќе од десет земји во изминатите три години. И најнапредните мобилни уреди биле изложени на надзор преку слаби точки во старите телефонски мрежи од 1970-тите години прилагодени за ерата на паметните телефони, открива дигиталната истражувачка група Ситизен Лаб.

Тоа што е „цензура“ во Турција, во ЕУ e „заштита на малолетници“

Анкара и Канбера воведоа слични забрани за пристап до социјалните платформи. Медиумите ја критикуваат едната како „авторитарен надзор“, а ја фалат другата како „заштита на младите“. ЕУ има уште поелегантна цензура – ги замолкнува критичарите без да апси луѓе. Во трите случаи слободата на изразување е задушена. Анкара, за разлика од Брисел го признава тоа.

Војната на Трамп ја уништи илузијата за воена супериорност на САД

Војната во Украина ја разби основната претпоставка дека големината и воената сила се доволни за да се наметне сопствената волја. Со вистинска стратегија и решителност, послаба држава може да преживее, па дури и да победи многу поголем и посилен противник. Војната на САД со Иран открива слични ограничувања на американската моќ.

Сончевите централи ја спуштиле цената на струјата на минус 500 евра за MWh

Цената на струјата во Германија на 1 мај паднала на законски дозволениот минус од 499,99 евра. Оваа сума, со пари од даночните обврзници, ја плаќале операторите за секој потрошен мегават-час од огромниот вишок генериран од сончевите колектори. Ако не помогне и негативната цена, ќе има парадоксален ефект од премногу струја – неколкучасовни рестрикции во некои региони.

Намибија се ослободи од должничкото ропство на ММФ

Намибија штотуку го отплати целиот долг кон ММФ. Нула салдо, нула нови заеми, нула нови услови. Слобода. Додека други држави се дават во ригидните политики на ММФ, Намибија излезе од должничката спирала. Оваа држава од југозападна Африка, со 2,1 милиони жители и минимална плата од 180 евра покажа дека слободата може да се (от)плати, со визија и дисциплина. 

Трамп е најлошо информираниот американски претседател во историјата

Добитникот на Нобелова награда за економија, Пол Кругман, прогнозира дека Ормускиот теснец во догледно време ќе остане затворен. Колку и Трамп да се залажува дека американската блокада ќе ја скрши волјата на Техеран, тие нема да му дадат повод да прогласи некаква победа. Тој ја води Америка во најлошиот стратешки пораз во историјата кој Иран го претвори во глобално важна сила која контролира добар дел од протокот на енергенсите.  

Канадска провинција им брани на родителите да решаваат за своите деца

Државите имаат голема одговорност кон децата: им обезбедуваат основна здравствена грижа, ги штитат од реални ризици и ги поставуваат основите за нивно образование. Во канадската провинција Нова Шкотска ова оди многу подалеку, до степен на отфрлање на правото на родителите да решаваат што е најдобро за нивните деца.

ЕУ не знае колку гориво ѝ останало

Европските авиокомпании откажуваат летови за да штедат на керозин. Урсула фон дер Лајен ја процени штетата од војната во Иран на 500 милиони евра на ден. Но, Брисел не може да направи стратегија како да се извлече од кризата од проста причина што не знае со колку гориво располага. Залихите се трошат побрзо отколку што ЕУ може да ги измери.

Пред да влезе во Белата куќа, Трамп со пари беше кнап. Сега е милијарди во плус

Кога го започна својот прв мандат како претседател на Соединетите Американски Држави, Њујоркер објави дека неговите финансии се напнати. Во уште потешка кондиција беа на почетокот на неговиот втор мандат. Сега е во плус од 3,8 милијарди долари а можеби уште десет милијарди долари се на пат. 

Државните трезори на САД се полни со шкарт злато

Најголемиот дел од американските златни прачки што се чуваат во Форт Нокс не содржат злато до процент што би ги задоволува меѓународните стандарди. Речиси две третини од златните резерви на САД се неликвидни и ќе бидат одбиени за трансакции на светскиот пазар. И ова е врз основа на претпоставки, бидејќи половина век немало темелна ревизија. 

Десната рака на Фаучи уништувал записи за ковид-19

Прикривањето на потеклото на ковид-19, кое политичката елита со години го отфрлаше како „теорија на заговор“, е официјализирано во обвинение со имиња, датуми и суми. Првиот советник на Ентони Фаучи е обвинет дека уништувал и прикривал записи за ковид од владините истраги. На корисници на федерални грантови им нудел „поволни акти“ за скапи подароци.

Џ.Д. Венс: Трамп ми го лажат

Зад затворени врати, потпретседателот Џ.Д. Венс постојано го оспорува начинот на кој Пентагон ја прикажува војната во Иран е загрижен дека претседателот Трамп е погрешно информиран. Но, на јавните настапи се воздржува од критики на министерот за одбрана Хегсет, за да не создаде поделби во Воениот кабинет и да не ги загрози сопствените претседателски амбиции.

Трамп војува, Кина победува

Кинескиот лидер Си Џинпинг извлече огромна полза од војната во Иран без да испука куршум – со трпеливо чекање и гледање од страна како Доналд Трамп работи на својата штета. Додека САД ги потрошија својот арсенал муниција и угледот на меѓународната сцена, Кина го утврдува синџирот на снабдување, напредува во технолошката трка и го шири своето влијание во светот.

Медицински податоци за 500.000 Британци на продажба во Кина

Генетски секвенци, медицински снимки и други здравствени податоци на половина милион луѓе во Британија биле понудени на продажба на кинескиот сајт Алибаба. Кинески институти легално ги презеле податоците од UK Biobank, но не е јасно како стигнале на продажба. Не содржеле имиња и адреси, но со едноставно вкрстување може да се открие идентитетот.