Разно

Почина основачот на предизвикот за истурање кофа мраз на глава

Од болеста за која сакаше да ја подигне свесноста, на 37 години почина њујорчанецот Патрик Квин. Виралниот предизвик за истурање кофа ладна вода на глава која циркулираше пред 6 години беше јако глуп, ама па доста пари собрале... ама па само една третина завршувале за првичната цел а директорите имале годишна плата од 300.000 долари.

Политичар добива ЕМИ награда за ковид брифинзи

Наградата за најдобар актер меѓу постоечките американски гувернери оди кај.... Ендрју Куомо од Њујорк! Не за учество во некоја ТВ драма базирана на реални настани туку за неговите службени телевизиски брифинзи на тема ковид-19. Ви се бурботи ли малку од Холивуд? 

Цената на карантинот и затворањето

Американскиот институт за економски истражувања ги прибра податоците од здравствените, криминалистички и економски државни агенции за да ги прикаже ефектите на локдаунот на американското население. Лошо.

Ќе има ли кој да ги објави мемоарите на Трамп?

Стравот не е дали книгата ќе се продава, затоа што ќе се продава. Стравот е од бунт на вработените на издавачот, и уште повеќе дали тоа што ќе биде објавено ќе биде точно.

Што направивте вие денес за вашето куче?

Што да прави државник, лидер и визионер од калиброт на туркменистанскиот претседател, откако ќе позлати биста од себе како коњаник? Истото да го направи и за неговиот најдобар пријател - кучето. Гурбангули Беримукамедов ги заврши двете фази. А што да прави, корона и онака немаат.

Кога Џорџија заврши со еден мртов и три живи гувернера истовремено

Некои ќе помислат дека вакви натегања околу победникот на изборите во САД какви што има сега, досега не биле видени. Џорџија би рекла: држи ми го пивото. Урнебесно комплицирана ситуација, со елементи на ситком, водвиљ и трилер. 

Победник на американските избори е - марихуаната

Можеби уште не знаеме кој е следниот претседател на САД но во сите сојузни држави во кои се гласаше и за декриминализација на марихуаната, предлогот победил. А во Орегон додале и кокаин и хероин.

Гледав како почнуваат војните на Балканот, сега ја гледам Америка

На почетокот од летово како што минував покрај колоната мртовечки коли паркирани пред локална њујоршка болница, се сетив на честите посети во мртовечницата во Сараево каде луѓето ги бараа своите исчезнати во војната од пред четвртина век. Гледајќи што се случува низ земјава, сликите од војната во Босна и од годините живеење меѓу граѓанските војни на другите луѓе, почнаа да ми се прелеваат во мојот секојдневен и бессон живот.

Казахстан искористи фраза од Борат за свој туристички слоган

Казахстан ја научи лекцијата од првиот филм со Борат кога бадијала се лутеа и демантираа со што само се дозакопуваа во глупи ситуации. Овојпат, после вториот филм на Борат, решија да ја искористат силата на противникот во своја полза. 

Рускиот игумен против „сатанистичкиот електронски камп“

Приказната за игуменот Сергиј кој верува дека пандемијата е само параван за масовно да ни уфрлат микро-чипови. Него го чуваат Козаци а тој чува ликови од Сталин и цар Николај. Иако испуден од црквата, и натаму држи литургии и обавува егзорицам а неговата матична епархија ги повика верниците да се молат да му дојде памет.

Перу го отвори Мачу Пикчу само за еден јапонски турист

Јапонецот се здал во Перу за да накратко да го види светски познатиот археолошки локалитет и туристичка атракција, но, наместо тоа, заглавил седум месеци во карантин. Локалните туристички авторитети дознаваат за приказната па решаваат да го почастат.

Полска теретана се прогласи за црква

Бидејќи теретаните во Полска повторно мораат да затворат согласно последните мерки за рестрикции поврзани со пандемијата, една теретана во Краков се прогласи за црква во која се одржуваат религиозни средби за промовирање на физичкото здравје.

Твоја рака државјанство не пипнува

Германски суд решил декаа еден муслимански доктор од Либан не заслужува германско државјанство откако овој одбил да се ракува со службеничка која пробала да му го предаде сертификатот.

Обезглавувањето на професорот е „cancel култура“ со поинакви средства

„Тој што користи говор кој е навредлив за некој колективитет не заслужува да биде присутен на јавниот простор и треба да биде исклучен и изопштен од него“, правоверно ќе речат разбудените цензори од новата левица. „Останување без глава е сигурен начин за негово исклучување,“ технички ќе додадат исламските екстремисти.  

Рециклирање, голема лага за да се продава повеќе пластика

Западот со децении го дели своето ѓубре верувајќи дека тоа ќе се рециклира, меѓутоа вистината е дека најголемото мнозинство од пластиката што се користи нема да се рециклира. Во изминатите 6 децении рециклирани се помалку од 10% од пластичниот отпад.

Смртта не е крај на победите

Градоначалник во Романија победи на изборите три недели откако почина од ковид-19. Немало време да го тргнат неговото име од изборните ливчиња а ете, народ го сака, жив или мртов. Замислете со колку ниска самодоверба ќе стартува неговиот (жив) наследник.

Л.А. има полиција, ама, како за кого

Близу илјада образовни кампуси во Лос Анџелес ќе останат без полициска заштита како резултат на кратењето на буџетите за обезбедување. Ама затоа, кога Алиса Милано, актерка и гласна активистка за дефинансирање на полицијата ќе пријави пукање (нормално, на полиција), во маало ќе се нацртаат куп полициски коли, чета службени кужиња, пожарна и хеликоптер.

Пандемија е, не е апокалипса

Ова не е  прва пандемија со која светот се соочува во последниве 100 години. Но, ниедна од нив човештвото не поминало со ваква хистерија, потраги по „новото нормално“ и апели комплетно да се реорганизираме бидејќи „старото не се враќа“. Апокалиптичните реакции на актуелната пандемија не зборуваат за самата опасност на вирусот туку за немоќта која денешниот човек длабоко ја чувствува.

Како Путин им влезе под кожа на Американците

Основите доаѓаат од учебниците на источногерманската тајна полиција, Штази, што Путин ги совладува на почетокот од својата кариера, само сега нишанот е кренат многу повисоко.

Дај му на Џо, Трамп

„Биди мојот херој“ му напишал Џо Егзотик на Доналд Трамп барајќи да биде помилуван од долгогодишната робија заради ковање заговор за убиство на неговата архи-непријателка. Па уште и грешел во пишувањето, за да му долови дека му ги мачат рацете во затвор.

Валканата тајна на Лестер

Неколку месеци Лестер беше англискиот Бергамо, озлогласен хот-спот за зараза со коронавирус. Во потрага по кластерите, се открива скандалозна експлоатација на работници. Како во времето на Дикенс.

За QAnon и нивните канони

Глобалните социјални мрежи тргнаа во крстоносна војна со следбениците на QAnon кои се убедени дека "ништо не е како што кажуваат на вести" а со светот управува глобална сатанистичко- педофилска група на моќници и злотвори. Твитер, Фејсбук и Инстаграм им ги кинат акаунтите и им ги бришат групите што за нив ќе биде само доказ дека цело време биле во право. 

Германија решила сите да ја засакаме

Во земјата која историски се изгоре со идејата дека работата го ослободува човекот, сега скромно се пробува спротивната идеја, дека бадијалџењето е од рајот излезено. Ќе даваат грантови на таа тема.

Напредокот од „жена“ до „индивидуа со грло на матка“

Пред 50 години се одвиваше борба за жeнски права. Сега битката е околу правото да се изговори зборот жена. До толку е регресивна прогресивната идеологија, видливо и преку лудата идеја, по примерот на Н (nigger) зборот, да се избрише и W (woman) зборот, за да не се навределе биолошките жени кои се идентификуваат како мажи, биолошките мажи кои се мислат жени, итн, итн.