Последните неколку години, Виза и Мастеркард воведуваа нови правила за да се „отстранат нелегалните активности“ на порнографските страници. Портпаролите на компаниите често изразуваа загриженост за трговија со луѓе или „исчезнати или експлоатирани деца“, што звучи повеќе од разумно. Кој не сака да престане со трговијата со луѓе и злоупотреба на деца? Како што објаснува порно ѕвездата Шери Девил, приказната е многу почудна од тоа.
Виза и Мастеркард се фактички дуопол во светот - контролираат 98% од кредитните трансакции во Обединетото кралство, 80% во ЕУ и над 70% во САД. Ниеден порно изведувач не може да си дозволи да ги прекрши правилата за 'прифатлива содржина' што тие ги поставија. Само што правилата се дефинирани со термини кои дозволуваат широко „судиско убедување“. Се забрануваат трансакции кои се штетни за „добрата воља“, или можат „негативно да влијаат врз марката“ или се „офанзивни и немаат сеериозна уметничка вредност.“
Порнаџиите се приморани да смислуваат нови термин за да не влезат во нечиј радар со стандардните порно термини. И не е само на ниво на зборови.
Шери ДеВил неодамна имала проблем да наплати сцена во која користела дилдо во облик на морков. Со фалусоидни дилда немала финансиски блокади. Денес може да се сквирта, не може да се уринира.
Значи некаде во најголемите финансиски компании седат сериозни луѓе, облечени во скапи одела и вратоврски и решаваат колку прсти можат да се жбурнат во човечки ректум (моментално, помалку од пет). Таа замислува „состанок на борд од стари бели мажи кои гласаат за цела палета активности: „да“ за инсертирање фалусоидни објекти, „не“ за истурање јаворов сируп на голи гради...“
ДеВил пишува за Дејли Бист и уште лани предупреди дека моќта која ја има овој трансакциски дуопол треба да ги загрижува сите, не само луѓето од порно светот.
После замрзнувањето на донациите за камионџиите во Канада или прекинот на работата на Виза и Мастеркард во Русија после инвазијата во Украина, Шери денес звучи како пророчката Касандра.
„Со години, платформи како Јутјуб, Фејсбук, Твитер и Гугл наметнуваат сè поагресивни забрани на содржини, гризејќи го Првиот амандман и сите други заштити на слободата, правејќи го јавниот простор приватизиран имот,“ пишува Мат Таиби.
Тој вели дека можевме да видиме каде оди работата уште во декември, 2010 година кога под притисок на американската влада, Виза и Мастеркард ги скинаа услугите за Викиликс, откако свиркачите објавија четврт милион дипломатски депеши. Серија приватни компании се придружија, Пејпал и Вестерн Унион ги сопреа уплатите за Викиликс, Амазон ја тргна содржината на Викиликс од нивниот клауд а финансискиот оддел на Швајцарската пошта ги замрзна банкарските сметки на Асанж.
Виикиликс доби само една битка во таа војна, кога судот од Ирска, во 2012 година пресуди дека двете кредитни компании ги прекршиле своите договорни обврски.
Во остатокот од приказната, јавноста, „интелектуалата“ и „прогресивните“ со одобрение го премолчуваа новостекнатото право на приватни компании, во соработка со државата, да стопира и замрзнува средства на групи или поединци, пред за тоа да има судска одлука.
„Без разлика дали се согласувате со сексот како работа, ваквиот преседан што финансиските институции имаат контрола на слободата на изразување треба да биде црвено светло за сите, и за оние кои немаат врска со порното или содржините за возрасни,“ вели Шер ДеВил.