Зошто Џо Бајден најде за потребно да ги декларира своите заменки? Очигледно е дека е дечко. Има 79 години, што ја прави многу мала веројатноста да се идентификува како небинарен или како сексуален демисексуалец или како зе / зир / зирсеф. И појавноста му е мажествена, иако на некои тв-дебати на некои набљудувачи им изгледа како да фантазира дека повторно го јава своето детско пони.
Никој никогаш нема да се запраша дали Бајден е тој или таа или тие. Знаеме дека е машко. Зошто го прави тоа? Зошто инсистира да биде потпишуван како "President Joseph R Biden, Jnr (he / him)“?
Декларирањето на личните заменки, лепењето „тој“, „таа“ во био-инфото на Твитер или меил потписите нема никаква врска со расчистување на некаква конфузија. Не станува збор за обезбедување корисни информации на луѓето за тоа како треба да ви се обратат. На огромното мнозинство луѓе им се обраќате онака како што тие и очекуваат да им се обратите, без да ви кажат дали е тој, таа или тие.
Не, декларирањето е идеолошка изјава. Тие се заклетва за лојалност кон идеологијата на разбуденоста. Тие служат како беџ за културната елита и нејзиниот систем на верување.
Во 2020 година, половина од претседателските кандидати од Демократската партија ги исполепија своите заменки на нивните твитер сметки.
„Секој човек заслужува да биде третиран со достоинство и почит, а тоа започнува со користење на правилни заменки“, порача Елизабет Ворен (he/her).
„Стварно? Појдовна точка за достоинството е употребата на заменките? Не е тоа вработувањето, пристојното домување, автономијата?“, возвраќа Брендан О'Нил.
Притисокот да се конформирате, да ја рекламирате вашата вазалска лојалност кон будноста може да се види и во деловниот свет. Корпорациите ги сакаат заменките.
„Големиот бизнис сè повеќе ја прифаќа практиката на споделување поединечни заменки“, пишува Вол Стрит Журнал.
Хипер-будниот персонал на „Мајкрософт“, оди чекор понатаму па освен заменките, ја изговараат и својата раса и дузина други детали, небаре се прави фото-робот.
Без сомневање, уште многу компании ќе го зајаваат овој блесав и таговен историски бран на фејкерски „диверзитет“ па ќе ги тераат вработените да ги декларираат своите заменки.
„Тоа е многу лоша идеја. Тоа е лошо исто како работодавецот да те тера да викаш „Само Христос ќе нè спаси!“ или “Алаху акбар!“, пишува О'Нил и ги повикува еретиците од секаков вид да не потклекнуваат на оваа модерна религиозна хистерија.