Макрон беше тргнат настрана заради нејќење да се тестира

Службите на Макрон нејќеле ДНК од францускиот претседател да падне во руски раце. Службите на Путин нејќе на рускиот претседател да му се приближува човек кој одбива да биде тестиран за ковид. Резултатот го гледате на фотографијата.  

 

Беше воочливо дека на нивните средби кои ги регистрираа камерите за време на последната посета на Макрон на Путин, двајцата државници секогаш беа џенем еден од друг.

На протоколот на Макрон му било дадено до знаење дека или тој ќе прави руски ПЦР тест или средбите со Путин ќе се одржуваат со физичка дистанца.

„Знаевме дека нема да има ракување на таква долга маса но не можевме да дозволиме тие да имаат пристап до ДНК на претседателот“, обелодениле за Ројтерс двајца членови од придружбата на Макрон.

Пред тргнување тој направил француски ПЦР тест а во Русија неговиот личен лекар му направил и антиген тест но одбил да прави руски ПЦР.

Од друга страна, руските домаќини останале на праксата Путин секогаш да се наоѓа во ригорозен медицински меур.

Затоа на четири метарската маса изгледаа идеално за правење мемиња:

11 февруари 2022 - 12:56