Во претставничкиот дом на јорданскиот парламент мина законот кој предвидува дека:
„Секој кој ќе се обиде да изврши самоубиство на јавно место или преземе акција која вообичаено завршува со смрт, ќе биде казнет со затвор не подолг од шест месеци или парична казна не поголема од 100 јордански динари (140 долари)“.
Казните ќе бидат двојно поголеми ако се работи за масовно самоубиство во кој поголема група истовремено ќе се обидат да си го земат животот.
Овој животворен додаток на јорданскиот кривичен закон доаѓа неколку месеци откако група демонстранти се заканија дека јавно ќе извршат колективно самоубиство поради ужасната невработеност во земјата која драматично ги погаѓа и факултетски образованите лица.
Последниве неколку години значајно е зголемен бројот на самоубиства во Јордан па на секои два дена се самоубива по некој човек.