ЕУ му порача на Маск дека ќе мора „брзо да се прилагоди“ на правилата за модерирање/цензурирање на содржините на платформата.
„Дали се работи за автомобили или за социјален медиум, компанија која оперира во Европа мора да се повинува на нашите правила. Ние сме добри домаќини, но според наши правила, не негови,“ му порача на Маск Тиери Бретон, европски комесар за внатрешен пазар.
Тој првенствено мисли на европскиот закон за дигитални сервиси, кој беше финализиран минатата недела но сè уште не е стапен на сила, закон кој под мотивот за „создавање побезбеден дигитален простор“ е полн со уредби и правила за модерирање на содржини, транспарентност, стопирање на дезинформациите, лимитирање на таргетираните огласи....
За секој случај, комесарот потсети дека непочитувањето на европските правила првично носи казна во висина од 6% од вкупните приходи а доколку тоа не донесе резултат, следи забрана за работа во земјите од ЕУ.
„Ако некој што не ти се бендисува каже нешто што не ти се бендисува, тогаш имаме слобода на говор. Се разбира дека тоа знае да нервира ама тоа е знак за здрава функционална средина во која слободно се говори,“ рече Маск на овогодинешниот ТЕД.
По веста за куувањето на Твитер, потсети дека слободниот говор е темел на демократијата и најави дека од таа платформа сака да направи дигитална агора на која отворено ќе се дебатира за витални прашања за иднината на човештвото.