Во САД годинава почнаа да укинуваат казни за ненапишана домашна или писмена задача. Ако не ја напишал на час, ученикот може да си ја однесе писмената дома и да ја врати кога сака. Ако воопшто сака. Ако не, му се дава друга. „Ова ќе го изеде школството одвнатре“, велат загрижени професори.