Стотици празни паркирани коли горат во Франција секоја Нова Година, масовен тинејџерски празничен адет над кој редовно отпосле ламентираат социолози и други зналци во здодевни тв емисии.
Годинава запалиле само 874 автомобили што полицијата си го припишува како свој голем успех.
Лани заради жестокоста на пандемијата и преземените рестриктивни мерки не ни имало официјална статистика, но годината претходно биле запалени 1,316 автомобили за една ноќ.
Масовното палење коли за да се одбележи дочекот на Новата година започнува во 90-тите во Стразбур во источна Франција, но тоа брзо прераснува во општ симбол на револт кон системот, особено кај младите, особено кај младите без пари.
Најжешко било есента, 2005 година, кога за три недели биле запалени 8.810 автомобили.