Во Америка и краденото треба да се пријави за данок

Сте украле автомобил или нешто друго? Сте дале мито? Ако, нека ви е со среќа, сè додека сте сигурни дека тоа го имате пријавено во годишната даночна пријава во нивниот УЈП.

Луѓе на мрежите живо се забавуваа кога се открија бизарни пикантерии во бројните формулари на американската даночна управа за тоа како и што се пријавува за оданочување.

Сето тоа го има на сајтот на американскиот ИРС, меѓу упатствата како се пријавуваат приходи од таканаречената гиг економија (Убер и сл).

"Ако имате украдено имот, тоа мора да го пријавите по реална пазарна цена во делот на вашите приходи, освен ако тоа го немате вратено на вистинскиот соипоственик во истата фискална година“, пишува во соодветното поглавје за крадена стока.

Што ако дилате дрога или сте заплеткани во други криминали?

Во тој случај сте упатени на формуларот 1040, глава прва, ред осми, или пак на секцијата Ц која ги покрива приходите од самовработување. Давањето мито пак, е регулирано во неколку поглавја на даночните формулари.

3 јануари 2022 - 14:58