Кој си ја има папата на главата...

Пензионираниот Папа Бенедикт 16-ти побара прошка за сите „тажни грешки“ кои ги сторил во средување на случаите за содомија и сексуална злоупотреба на деца од страна на свештеници. Ама дека ништо лично не направил лошо, туку така, 94 годишниот Рацингер бара дифолтна прочка.

Бенедикт пиша писмо а на 82 страници се произнесе и неговата адвокатска фирма по извештајот на адвокатската фирма ангажирана од Ватикан повторно да ги рагледа случаите на сексуално малтретирање во михенската диецеза во која 15 години прв човек беше тогаш кардиналот Јозеф Рацингер.

Отсуството на лично извинување и чувство на вина повторно ги вознемири жртвите а тие не се малку.

Истрагите за овие случаи наведуваат дека пред, за време и после Рацингер, во таа епархија има најмалку 497 жртви на сексуална злоупотреба а потенцијално осомничени се барем 235 лица од црквата.

Четири случаи добија и судска разрешница но на душа на Рацингер оди и тоа што и после тоа, ги оставил виновниците да вршат богослужба.

„Не може Ватикан вечно само да изразува жалење што не сторил повеќе за заштита на децата. Време е да се понесе лична и конкретна вина и одговорност“, порача групата за заштита на жртвите.

9 февруари 2022 - 15:36