Луфтханза ќе шпарта по небо со празни авиони

Луфтханза дига климатски аларм известувајќи дека регулаторите на ЕУ бараат од компанијата оваа зима да изведе 18.000 летови без патници, ако сака да ги задржи слотовоти на европските аеродроми. А Блажо од Прдејци на вести слуша дека тој е крив зошто се грее на дрва.

Луфтханза тврди дека регулативите на Европската унија ќе ја принудат да изведе 18.000 летови без патници во текот на оваа зимска сезона, предизвикувајќи непотребни емисии на јаглерод-диоксид.

Додека активистите, вклучително Грета Тунберг, застанаа зад ваквото предупредување, конкурентите од РајанЕр велат дека германската авиокомпанија треба да продава поевтини билети па авионите нема да им бидат празни.

„Луфтханза обожава да лее крокодилски солзи за животната средина кога прави сè што е можно за да ги заштити своите слотови“, рече главниот извршен директор на РајанЕр, Мајкл О’Лири.

По него, со упорно држење на неискористениот капацитет на аеродромите, Луфтханза ја блокира конкуренцијата и го ограничува изборот на аеродромите во големите центри.

На РајанЕр не му е по волја и тоа што Луфтханза искористи 9 милијарди евра ковид поддршка од германската држава, со што со зајакнати сили влегува во пост-пандемиската трка по профит.

13 јануари 2022 - 15:08