Иако нема добиено директива од Кју цела година, самото движење QAnon не се издиша. Тоа не само што го преживеа исчезнувањето на лидерот, поразот на Трамп и утките во предвидувањата и политичките прогнози туку во меѓувреме еволуира, добива нови лидери и полека влегува во системот.
Media Matter изброиле 40 кандидати за битни државни функции кои јавно до подржале КјуАнон. Сите тие малку имаат олабавено со спектакуларната реторика, првенствено од страв да не бидат забранети на социјалните мрежи.
Еден од таквите е Омар Наваро, републиканец кој е во трка за конгресменско место. Тој во последно време малку зборува за КјуАнон иако ги поддржуваше оние приказни за тоа како холивудски ѕвезди пијат детска крв за подмладување. „Сега сум во трка за конгресот, имам поважни теми за разговор, како што е економијата“, објаснува постмирениот Наваро.
Од целата оваа епизода КјуАнон може да излезе посилен и повлијателен, оценуваат посматрачите. Според нив, тоа силата ќе ја црпи од децентрализацијата и од фактот што движењето ја надмина иконографијата од ерата на Трамп и станува чадор за конспирација по избор. „Сега секој може да си избере заговор во кој верува, да ги шири тие идеи и да биде дел од движењето,“ вели Мајк Ротшилд.
Политико не верува дека е реално да се очекува скорешен колапс на КјуАнон а истото го мисли и истражувачот на теории на заговор, Логан Стрен кој порачува дека ќе треба да научиме да живееме со КјуАнонци меѓу нас, и тоа цела денешна генерација.
*********
Види и: