Трамп до Роган: Ич не им се извинувај

Роган се произнесе за последната хајка против него и рече дека се работи за нарачано политичко убиство ама му е драго што имал прилика да се извини за работите за кои жали. Се произнесоа и Трамп и Де Сантис а некои уцвикаа, како на пример Двејн Џонсон.

Роган муабетеше за фамозното „н(игер)“видео со својот последен гостин, комичарот Акаш Синг и за неговата намера и мотивација го употреби терминот „political hit job“.

Но, рече и дека објавувањето, од друга страна му донела и своевидно олеснување бидејќи му дало прилика да се изјасни за некои работи кои не може да ги врати назад но за кои жали дека излегле од него.

Не го повлече изивнувањето иако десницата го храбри да не покажува слабост. „Ако жали за нешто, човек треба да знае да се извини,“ рече Роган.

Трамп веројатно добива осип од зборот извинување па кажа:

Роган е интересен и популарен дечко, ама треба да престане да им се извинува на медиумите со лажни вести и радикалните левичарски манијаци и лудаци. Колку пати и на кои сè начини треба човек ним да им се извинува?

Со слична идеја е и гувенерот на Флорида, Рон ДеСантис кој смета дека Роган е мета бидејќи станува опасен и за колачот на кој некои се навикнати и за темите кои тие ги сметаат за свети. 

Мува да не те лази. Не им се извинувај, не се виткај пред толпата. Исправи се и кажи им да бркаат работа. Ништо не ти можат.

Двејн Џонсон кој претходно застана во поддршка на Роган за неговите разговори за ковид и пандемијата, рече дека не би свесен за неговото користење на проскрибираниот термин па ја повлече поддршката за водителот на најпопуларниот подкаст на светот.

Во анализата „Зошто го мразат Џо Роган,“ Том Слејтер ќе напише:

Откако не се успеа да биде отстрелан заради ковидот, следниот чекор беше очигледен: прогласи го за расист. Во хајката предничат медиуми  како CNN и MSNBBC кои самите се уметници за дезинформации, од Русијагејт па наваму.

Американскиот естаблишмент последниве години претрпи сериозни удари. Довербата во нивните медиуми е на историски рекордно ниско ниво а големината на публиката на Роган ги остава кабелските мрежи да се препелкаат во прашината.

Џо Роган е боксерска вреќа за политичките и медиумски елити кои ем мислат дека обичните луѓе се идиоти ем се чудат зошто обичните луѓе не им веруваат’.

Потсетете се на „Кој стои зад нападот на Џо Роган?“ а ѕирнете и ова: Саагар Ењети навлегува во финансиските интереси и оперативците на Демократската партија кои стојат зад нападот на Роган:

 

9 февруари 2022 - 12:47