И колите ги убиваат, зар не?

Занимливи работи се работи се случуваат во полето на транспортот и личниот превоз. Британска министерка порачува дека е време да се напушти стариот концепт на поседување своја кола а во САД има предлози да се плаќа данок на секој извозен километар.  Време е да се мисли за коњ.

На скорешна конференција за мобилност, британската министерка за транспорт рекла дека е време да се напушти застарениот концепт на приватно поседување автомобили и да се размислува за поголема флексибилност, поголем избор и помало загадување. Освен јавниот транспорт, Труди Харисон посочила и на платформите за споделување точаци, скутери и автомобили. Звучи супер, освен ако не си од село за каде ништо од тоа не важи.

Во Ковентри околу 300 граѓани изразиле интерес да ги предадат своите коли за ваучер за превоз од 3.000 фунти. Досега 75 возила биле трампани и уништени.

„Многу Британци се вознемирени од ваквите најави и некои се прашуваат дали уште сега да почнат да јаваат коњи во име на 'прогресот'," пишува Стивен Сајмс.

Тој е убеден дека времето и тенденциите ги потврдуваат неговите стари сомнежи дека доаѓа време во кое граѓаните ќе бидат потполно зависни од државата каде тоа ќе бидат возени. По него, планот да се забранат моторите со внатрешно согорување до 2030 година е во истата таа насока бидејќи електричните возила се сепак скапи и не постои подобар начин луѓето да се принудат на користење јавен транспорт од тоа да им ги направиш приватните коли скапи.

Не се случува тоа само во Англија. Во Сан Диего, Калифорнија, годинава помина план за масовно засилување на јавниот превоз кој би чинел неверојатни 160 милијарди долари. Планот сепак беше паузиран откако се дозна дека се планира тие огромни пари да ги платат граѓаните со нов данок за секоја извозена милја (со приватна кола).

Сајмс потсетува кого најмногу ќе погодат овие прогресивни мерки: се разбира, оние со најмалку пари бидејќи оние другите, ќе имаат и за електрични возила и за данок на секој извозен километар.

30 декември 2021 - 12:16