Во декември 2019 година, токсиколог во Агенцијата за заштита на животната средина добива задача да процени производ кој требало да излезе на пазар. Како што често се случува, производот (се работи за боја) содржел неколку различни хемикалии. Една од нив, растворувач познат како парахлоробензотрифлуорид (PCBTF), сочинувал половина од волуменот на производот.
Постои сериозна и обемна евиденција дека PCBTF предизвикува рак. Но, откако токсикологот ги вклучил и овие информации во својот извештај, шефица во таа таа дивизијата ги отстранила од конеч ниот извештај. На тој начин јавноста била оставена во мрак за драгоцената информација дека оваа нашироко користена хемикалија е канцерогена.
PCBTF се додава на производите уште од 60-тите години и може да се најде во мастило, средства за чистење и отстранување дамки, производи со полиуретански финиш, бои за автомобили и друго. Секоја година во САД се користат помеѓу 5 и 25 милиони литри PCBTF а којзнае работници се изложени во фабриките за производство на бои и автомобили.
PCBTF е на списокот на „зелени“ материјали на ЕПА затоа што е поблаг за озонот од некои други растворувачи. Меѓутоа ЕПА ги игнорира неговите здравствени ефекти. Бидејќи беше во употреба пред да се донесе Законот за контрола на токсични супстанции во 1976 година, безбедноста на соединението до денес воопшто не била разгледувана. Наместо тоа, PCBTF добива бланко доверба, заедно со над 60.000 хемикалии кои постоеле на пазарот пред на сила да стапи законот.
Но ако ЕПА не проверила, провериле други. Спомнатиот токсиколог успеал да најде загрижувачки докази за штетноста на хемикалијата кои датираат од пред неколку децении. Во студија од 1983 година на 4.000 работници изложени на PCBTF во фабрика за хемикалии во Њујорк, документирана е зголемена стапка на рак на желудникот и респираторниот тракт. Извештај од 2009 година на Националната програма за токсикологија ги наведува тие наоди, како и студии кои покажуваат дека глувци изложени на оваа хемикалија развивале рак на црниот дроб а се нотирани и експерименти кои покажале дека хемикалијата предизвикува тремор и хиперактивност кај стаорци, како и проблеми со белите дробови кај младенчињата кои неродени биле изложени на PCBTF.
Ама шефицата пресудила, не мора тоа да се знае.
И ние не сме рамнодушни, ама тек замислете колкава е сега загриженоста во зелената ДУИ од една ваква вест од нивна област.