Милијардите зад разбуденоста

Во новото, лажно левичарење (види: За да не помислат на класи, с'скај ги со раси) се истураат пари од кои боли глава. Дури и политичките опции на кои им одговара активизмот насочен кон нивните конкуренти, загрижени се од моќта на овој пребогат НВО левијатан.

Во деветгодишen период од 2011 до 2019 година, за расна еднаквост, филантропите дале 3,3 милијарди долари. Ама затоа, во ерата на Блек Лајвс Метер, за истата кауза истуриле 23 милијарди за само две години.

Во најголемите донатори ги има фондацијата Форд со 3 милијарди, Мекензи Скот со 2,9 милијарди, ЈП Морган Чејс со 2,1 милијарда а од познатите тука се фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс како и неизбежното Отворено општество.

Педантна анализа на сајтот Кандид кој се занимава со спојување на луѓе кои имаат идеи со оние кои имаат пари, покажува дека во 2020 и 2021 година, на оваа тема биле доделени 50.887 грантови во вредност од 12,7 милијарди долари и 177 други видови финансиска помош, вредни 11,6 милијарди долари.

Стратезите на американските Демократи кои чоија коњуктира е да имплементираат прогресивни политики, не се сигурни дека ваквата ситуација ќе им помогне и стравуваат дека нивната политичка опција може да биде колатерална штета на радикалните позиции кои се поддржуваат.

„Кога филантропите плаќаат групи кои промовираат екстремни вредности како дефундирање на полицијата и кансел културата, тие ја разгоруваат конфликтноста и поделеноста,“ проценува Роб Стеин, еден од основачите на Демократската алијанса (организација на големите донатори на партијата). Според него, ваквата стратегија во крајна линија оди во корист на десничарите.

Слично размислува и Мат Бенет од тинк тенкот Третиот пат кој е близок со Демократите.

„Намерно или не, некои прогресивни фондации финансираат проекти кои се кусогледи и на подолг рок му штетата на прогресот кој сакаме да го постигнеме.“

Професионалците од партијата не се сигурни како ќе ги надгласаат милијардите од прогресивните невладини кои упорно ги тераат нивните агенди иако резултатите покажуваат тешки порази: гласањето за дефундирање на полицијата во Минеаполис помина најлошо во окрузите со црни гласачи а истражувањата на институтот Пју покажуваат дека црните и хиспано гласачи на Демократската партија во поголем процент се за поголеми буџети за полицијата, во споредба со белите Демократи.

За еден од таквите неуспеси пишувавме неодамна во статијата „Разбудените утнаа и кај латиносите“ во кој наведовме дека после една цела деценија упорно користење на родово неутралниот термин латинкс (наместо латино) кој го имаат сковано бели прогресивци во име на инклузивноста, само 23% од американската хиспано/латино популација воопшто слушнале за тој термин.

14 јануари 2022 - 09:08