Новите дигитални лични документи ќе служат луѓето да го докажат својот ковид статус. „Само кога ќе може лесно да се покаже дека некој е чист од коронавирус, ќе се нормализираме и ќe излеземе од пандемиjата“, вели Тони Блер.
Зборувајќи на една виртуелната конференција за технoлогија, Блер рече дека тој систем би функционирал заедно со програмите за следење. Кон крајот на мај годинава, британското здравство лансираше „тестирај и следи“ програм но тој постојано е во проблематично функционирање. Според Блер, системот кој тој го предлага е единствен начин да се спречи втор голем бран на пандемијата.
Вели, секогаш постоеле добри причини за воведување дигитални документи во кои ќе има здравствени податоци а ковид кризата само ги забрзала работите.
„Тоа е природна еволуција на начинот на кој во иднина ќе ја користиме технологијата за навигација низ секојдневниот живот, а ковид кризата ни даде дополнителна причина за тоа,“ отворено кажа Блер.