Белата куќа бара од Спотифај дополнителни мерки за Џо Роган

Прес секретарката на Белата куќа ја поздрави одлуката на Спотифај да става дисклејмери и соодветни инфо линкови на подкаст епизоди поврзани со ковид, но порача дека постои уште простор дополнително да се интервенира во таа насока.

Забелешките на Псаки доаѓаат откако Нил Јанг и Џони Мичел ја повлекоа својата музика од Спотифај, во знак на протест што на истата платформа се наоѓа и Џо Роган за кого сметаат дека шири неприфатливи ставови за ковид, меѓу другото дека за младите вирусот не е реална закана и не треба да се вакцинираат.

Таа ја поздрави одлуката на компанијата во иднина сите епизоди во кои ќе се зборува за ковид да бидат придружени од „content advisory“ кој ќе води до хаб до проверени информации за ковид но порача дека „платформата може да стори повеќе“ во борбата против дезинформациите.

„Наш став е дека е тоа позитивен чекор но има уште што може да се направи“ ја пренесува Индипендент портпаролката на Џо Бајден, која рекла дека сите компании, особено оние од кои граѓаните се информираат, имаат одговорност Американците да добиваат прецизни информации за болеста.

После, се, најопака закана до Спотифај "имаше" Јоко Оно.

3 февруари 2022 - 21:17